Ситуацијата во Реал Мадрид станува сè потензична, а скандалите што се појавија во соблекувалната би можеле да имаат големи последици на трансфер-пазарот.
Во услови на внатрешен хаос што владее во последните денови во Мадрид, еден од најмоќните европски клубови гледа идеална шанса за спектакуларен потег и доведување на Винисиус јуниор.
Манчестер сити внимателно ја следи ситуацијата со Винисиус и е подготвен да ги искористи тензиите што настанаа во Мадрид.
Според шпанските медиуми, англискиот шампион смета дека ова е совршен момент за обид да се реализира трансфер на бразилската ѕвезда.
Реал Мадрид минува низ исклучително компликуван период по излегувањето на површина на конфликт меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени, епизода што сериозно ја потресе соблекувалната, а тоа е само еден во низата неодамнешни скандали.
Инцидентот бил толку сериозен што Валверде заврши во болница со трауматска повреда на главата, а клубот донесе строги санкции.
Во меѓувреме, иднината на Винисиус повторно е неизвесна. Неговиот договор истекува во 2027 година, а преговорите за продолжување сè уште не дале конечен договор.
Извори блиски до клубот тврдат дека Винисиус бил личноста што открила информации за конфликтот меѓу Валверде и Чуамени. Дополнително, се наведува дека напаѓачот не е едногласно прифатен во соблекувалната поради својот став и на теренот и надвор од него.
Во ваков напнат контекст, Манчестер сити „трие раце“ и се подготвува за можна понуда.
Флорентино Перес би можел да се соочи со тешка одлука, или да го продаде Винисиус за огромна сума, или да ги исполни неговите барања да стане најплатен играч во тимот.
Винисиус, чија моментална вредност се проценува на 150 милиони евра, доаѓа по одлична сезона со 21 гол и 14 асистенции во 50 натпревари, бројки што го држат меѓу најбараните фудбалери во светот.

