Младите Топчии ќе се докажуваат со голови во британското дерби

1601 Милан – Спарта Прага (Лига на Европа, 18.55 часот)

Милан неочекувано има многу проблеми на голманската позиција пред дуелот со Спарта. Џанлуиџи Донарума е позитивен на ковид-19 и не може да брани, па веројатно неговиот брат Антонио Донарума ќе биде на голот. Татарашану беше слаб на дебито за Рсонерите и тој ќе биде на клупата, барем според најавите.

Милан е во страшна серија без пораз што трае од осми март годинава, но сега и позициите се малку поинакви. Гигантот има шанса да атакува и на титулата во Серија А по долг период, па тоа ќе биде приоритет.

Секако, паралелно ќе се туркаат и другите фронтови, па и Лигата на Европа. Со победа против Спарта, „црвено-црните“ ќе си направат простор покомотно да продолжат во сезоната што ја почнаа одлично. Мал проблем е одбраната, која прима доста голови, но нападот е извонреден и Милан постигнува многу погодоци. Ако Златан Ибрахимовиќ вечерва даде гол, со 39 години ќе биде вториот највозрасен стрелец во Лигата на Европа, зад Хештед од Молде, кој постигна погодок на 40-годишна возраст во 2015 година.

Очекуваме нов ефикасен меч бидејќи и Спарта по поразот од Лил на домашен терен, нема простор за калкулации. Последниот меѓусебен дуел на двете екипи им беше во 2004 година и Милан победи со 4:1, па можно е да има реприза и денеска.

Предлог тип: 3+ (1.60) Супер тип на Sport Life

 

6025 Феенорд – Волфсбергер (Лига на Европа, 18.55 часот)

Феенорд е втората најефикасна екипа во Холандија зад неприкосновениот Ајакс, а Волфсбергер прими најмногу голови во Австрија по Адмира.

И двете екипи играат напаѓачки, па на легендарниот „Де Кајп“ во Ротердам се очекува гол-шоу. Ова им е прв меѓусебен дуел, Феенорд е фаворит, но и Волфсбергер не е за потценување.

И двете екипи имаат доста повредени и отсутни играчи, но офанзивата од старт на мечот би требало да биде најсилниот адут во второто коло во фазата по групи и на Феенорд и на Волфсбергер.

Предлог тип: ГГ1 (3.85)

 

6028 ЛАСК – Лудогорец (Лига на Европа, 18.55 часот)

И овде е слична приказната како и во случајот со Феенорд и Волфсбергер. И ЛАСК и Лудогорец се офанзивно ориентирани екипи и играат за гол повеќе во противничките мрежи.

ЛАСК е новиот фудбалски проект во Австрија по сличен модел како на Салцбург и се очекува екипата која лани на несреќен начин ја заврши трката за титулата, повторно да биде конкурент за висок пласман во Типико Бундеслигата.

ЛАСК мора да оди на победа, за да остане во игра за пласман во следната фаза по поразот во Лондон од Тотенхем. Групата е интересна со еден изразит фаворит и три речиси изедначени екипи по квалитет. И ЛАСК и Лудогорец и Антверпен имаат шанса да се пласираат понатаму, веројатно со топ-фаворитот Тотенхем.

Победите се особено важни во ваков систем на натпреварување, а бод не им одговара ниту на гостите од Бугарија. Лудогорец веќе се етаблираше на европската мапа со многу солидни настапи во последните сезони. И тие ќе сакаат да го поправат киксот и поразот од Антверпен, па ќе типуваме дека ќе се тресат и двете мрежи во Линц.

Предлог тип: ГГ (1.75)

 

6030 Антверпен – Тотенхем (Лига на Европа, 18.55 часот)

Дуелот на екипите што победија во стартното коло во својата група најавува одличен меч во Антверп. Домаќините се лидери во белгиската Жупилер лига и играат во страшно добра форма, што е заштитен знак и на Тотенхем на стартот од новата сезона.

Антверпен има многу добра екипа што ја предводат ветераните Мбокани и Рефаелов, а интересно е што на последните 7 меча во сите конкуренции и даваа и примаа најмалку по еден гол.

Тотенхем предводен од Кејн и од Сон игра врвен фудбал, двете ѕвезди перфектно соработуваат и ако Мурињо не одлучи да ги одмори, и од нив се очекува да продолжат ефикасно и со голови и во Антверп.

Предлог тип: 3+ (1.55)

 

6033 Арсенал – Дандалк (Лига на Европа, 21.00 часот)

Во островското дерби јасно е дека Арсенал е голем фаворит, но Топчиите ќе мора и да штедат сили за големото дерби на први ноември против Манчестер јунајтед.

Се очекува Микел Артета да се потпре на помладите сили за дуелот со екипата од Република Ирска. Дандалк по вторпат игра во Лигата на Европа, а стартот беше само резултатски лош со пораз од Молде со 1:2. Ирците одиграа солиден меч како тотални аутсајдери во групата во која е уште и Рапид Виена.

Арсенал има потенцијал и многу квалитетни млади играчи, па може да очекува победа, а британскиот дуел, според нас, ќе биде со најмалку четири гола.

Предлог тип: 4+ (1.74)

 

Квоти на денот во Sport Life се: 

Црвена Ѕвезда – Либерец 1&2-5 (2.45)

Рома – ЦСКА Москва 1&T1 3+ (2.05)

Бенфика – Стандард 1&4+ (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести