Васоски се потсети на тешките битки со Клосе, Класниќ, Пизаро, Озил… и типува победа на Ајнтрахт против Вердер

1606 Ајнтрахт – Вердер (Сабота, 15.30 часот)

Интересен меч во кој домаќинот нема пораз на свој терен, а и Вердер е непоразен на двете гостувања на стартот од Бундеслигата.

Тимот од Бремен посериозно ја сфати работата од ланското првенство, кога мораше да игра бараж за опстанок, па сега играат многу подобро.

Ајнтрахт е стандардно во горниот дом од Бундеслигата во последните сезони. Денеска ќе имаат посебен мотив да се рехабилитираат по катастрофата во Минхен и поразот од Баерн со 0:5.

На мојот поранешен тим му лежи играта на Вердер, а потврда се и четирите меча без пораз во низа во меѓусебните дуели. Во мојата ера во Ајнтрахт биевме тешки битки со тимот од Бремен, кој имаше во составот светски ѕвезди од калибарот на Клосе, Класниќ, Хант, Пизаро, Озил, Мертесакер, Мецелдер…, но сега Вердер нема квалитет од тој ранг.

И двете екипи играат отворено, напаѓачки за гол повеќе и очекувам нов ефикасен меч со победа на Ајнтрахт.

Предлог тип: 1&3+ (2.85) Супер Тип на Sport Life

 

1803 Аугсбург – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Мајнц игра катастрофално и е единствениот тим во Германија без освоен бод. Примија дури 15 гола на пет меча и очигледно е дека кризата е голема.

Аугсбург добро почна, но сега стасаа и поразите и тоа два по ред, па тимот од Баварија нема да дозволи таа серија да продолжи.

Имаат идеална шанса за победа против фенерџијата во Лигата, екипа од која немаат пораз на четири натпревари по ред. Одбраната на Мајнц е многу слаба, а во Бундеслигата тоа се казнува, па очекувам Аугсбург да постигне најмалку два гола.

Предлог тип: Т1 2+ (1.90)

 

1806 Борусија Менхенгладбах – Лајпциг (Сабота, 18.30 часот)

Двете екипи играат можеби и клучни мечеви во Лигата на шампионите идната седмица, но мора да го одиграат и меѓусебното дерби на шестото коло во германското првенство.

Борусија се уште нема победа на свој терен на двата меча на „Борусија парк“, а им доаѓа лидерот на табелата. Патем го немаат победено Лајпциг на 8 меча по ред, сигурно ќе мислат и на дуелот со Шахтар во Киев, но имаат одлични млади играчи што можат да издржат и вакво напорно темпо.

Лајпциг настрада на „Олд Трафорд“, каде се покажаа првите знаци и на замор во услови кога владее и пандемијата со Ковид-19, но ќе сакаат да останат на врвот на табелата во Германија.

Очекуваат и многу важен меч со ПСЖ во Лигата на шампионите што ќе биде мал психолошки проблем, но Нагелсман е добар стратег и очекувам експресно да ги врати играчите на победнички колосек.

Двете екипи играат офанзивен фудбал и типувам дека ќе има најмалку четири гола на дербито во Германија.

Предлог тип: 4+ (2.40)

 

1807 Фрајбург – Баер (Недела, 15.30 часот)

Интересна е традицијата на дуелите меѓу Фрајбург и Баер, со малку голови и тврд фудбал, без разлика каде се игра. Баер доживеа незгоден пораз во Прага од Славија во Европа Лигата, што им е прв во новата сезона.

Фармацевтите се единствената непоразена екипа во Бундеслигата, заедно со Лајпциг и Волфсбург и очекувам да продолжат без пораз и по гостувањето кај Фрајбург.

Домаќините се поодморни, имаат помалку проблеми со повреди на играчите за разлика од Баер, но сепак ќе типувам на победа на тимот од Леверкузен.

Предлог тип: 2 (2.05)

 

1808 Херта – Волфсбург (Сабота, 18.00 часот)

Херта е во криза, а Бруно Лабадија мора брзо да најде рецепт како да се прекине серијата од четири порази. Херта во овој период имаше и тежок распоред и дуели со Баерн, Ајнтрахт и Лајпциг, па можеби само поразот од Штутгарт дома е неочекуван.

Сега на гости им доаѓа Волфсбург, тим што нема пораз на стартот од новиот шампионат во Германија. Гостите играат цврст фудбал и даваат и примаат малку голови, концепт што сигурно нема да се менува ниту на гостувањето во главниот град.

Гласнер честопати игра во формација 4-5-1, очекувам нешто слично и на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, па гостите да се обидуваат со брзи контри да го загрозат голот на Херта.

Според квалитетот екипите се тука некаде израмнети, формата е на страната на Волфсбург, Херта е домаќин, па некако се е израмнето, таман за реми.

Предлог тип: Х (3.35)

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести