Фортуна нема среќа, мора на мегдан против гол-машинеријата на Ајакс

1805 Келн – Баерн (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

Казнената фудбалска експедиција гостува во Келн и се очекува нова убедлива победа. Баерн доживеа неочекуван пораз од Хофенхајм со 1:4 и потоа нанижа 7 победи по ред.

На тие дуели Левандовски и соиграчите постигнаа вкупно 25 гола, или во просек по 3.5 на меч. Полјакот денеска нема да игра, доби слободен викенд од Ханси Флик, но Баерн е компактна екипа со широк избор на играчи, па може да победи и без Левандовски.

Против Келн Баварците играат одлично и имаат низа од 12 меча без пораз, со неколку високи победи во долгиот серијал што трае од февруари 2011 година.

Баерн го чека и гостување во Салцбург во вторник против незгодниот австриски тим во меч од Лигата на шампионите, но првакот на Германија и на Европа нема да пропушти да забележи нова убедлива победа во Бундеслигата.

Предлог тип: 2-2&4+ (2.30)

 

1003 Барнли – Челзи (Премиерлига, Англија, 16 часот)

Челзи е еден од ретките англиски тимови што нема проблем против Барнли на „Трф Мур“. Избраниците на Шон Дајч играат тврд, неатрактивен фудбал, а особенодома се незгодни за сите ривали.

Сепак Челзи нема проблем со нив и има пет победи на шестте последни гостувања, каде тешко се победува.

Добро за Франк Лампард и неговите избраници е што ја сопреа низата од три нерешени дуели со убедлива победа од 4:0 против Краснодар и тоа на гостински терен.

Полека, но сигурно во тимот со шампионски амбииции се вклопуваат и големите засилувања, Вернер, Хаверц, Чилвел и Зијех, па од Челзи допрва се очекуваат резултати и титули.

Барнли има доста проблеми со повреди на играчите, напаѓачкиот тандем Барнс и Вуд не е опасен како минатите години и се наѕира триумф на поквалитетните гости.

Предлог тип: 2 (1.60)

 

1631 Ајакс – Фортуна Ситард (Ередивизија, Холандија, 20 часот)

Ајакс е како феникс и повторно по продажбата на дел од најдобрите играчи има интересен тим. Забележаа рекордна победа против Венло од 13:0, највисока во историјата на холандската Прва лига, па потоа ја надиграа и Аталанта во Бергамо, но прокоцкаа позитива од два гола и на крајот ремизираа 2:2.

Сега на мегдан им доаѓа последнопласираната екипа во Ередивизија, Фортуна, што е најава за ново гол-шоу на Траоре, Тадиќ, Ентони, Екеленкамп…

Ајакс игра атрактивен фудбал, има нови екстра-таленти во спој на тим чии лидери се искусните Тадиќ, Блинд, Класен и Талјиафико. На скромниот тим од Ситард му се подготвува и можна реприза од дуелот со Венло.

Предлог тип: 2+I&4+ (1.70)

 

3003 Болоња – Калјари (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Двете екипи играат за гол повеќе во новата сезона, а со тој стил на игра Калјари засега има нешто подобар биланс. На последните три меча во Серија А на кои играше Калјари „паднаа“ дури 18 гола, или во просек по шест на меч што е импресивно, особено за Италија.

Џовани Симеоне и Жоао Педро се меѓу најдобрите стрелци во Серија А. Болоња го има расположениот Роберто Соријано, кој постигна три гола во првите пет кола.

Домашниот тим има серија од 3 порази, па ќе се обиде во фајтерски стил да го победи секогаш расположениот за надигрување Калјари.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.70)

 

1305 Алавес – Барселона (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Алавес нема чаре како да избегне пораз од Барселона веќе подолго време, или од февруари 2017 година, а серијата е се уште важечка.

На последните 8 меча Меси и соиграчите забележаа 8 победи во Алавес со гол-разлика 27:3. И сега се чини ситуацијата е непроменета, иако Барса има незгодна серија од три меча без победа во Ла Лига и тежок пораз од Реал во Ел Класико.

Во клубот работите полека се средуваат по оставката на претседателот Жозеп Бартомеу, кој не беше многу омилен кај фановите на клубот.

Меси ја доби битката со Бартомеу, Барса го победи Јувентус во Лигата на шампионите и во многу подобро расположението го чека дуелот со Алавес.

Последните две победи на Каталонците против тимот од Баскија се убедливи со 5:0 и со 4:1, а и на двата меча имаа убедлива предност и на полувремето, па типуваме на хет-трик.

Предлог тип: 2-2 (2.18)

 

Квоти на денот во Sport Life се:

Интер – Парма Т1 3-5 гола (2.40)

Ливерпул – Вест Хем 1& 2-4 гола (2.45)

Алавес – Барселона Т2 2+&ГГ (2.50)

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести