Црна Гора доби подарок, ќе го искористи со победа во Запрешиќ

6121 Азербејџан – Црна Гора (Лига на Нации, 18 часот)

Поради политичката ситуација во Нагорно Карабах, Азербејџан ќе и биде домаќин на Црна Гора во Хрватска, што е предност за гостите.

Ќе се игра на стадионот на Интер во Запрешиќ, па улогите некако се смениј, бидејќи Црногорците не патуваа на долга дестинација до Баку, туку ќе играат во соседството.

Црногорците се уште имаат шанси да бидат први во групата, иако загубија од директниот ривал Луксембург на домашен терен. Имаат по девет бода и ако победат денеска ќе гостуваат кај Луксембург, веројатно во ситуација 12:12 во бодови со конкурентот и со уште една победа би биле нови членови на Б сегментот.

Победата е императив за Црногорците, имаат и подобра репрезентација, па ќе типуваме двојка.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

6101 Германија – Украина (Лига на Нации, 20.45 часот)

Украина никогаш не ја победила Германија во официјален меч, а билансот им е 4 порази од „Елфот“ и три нерешени натпревари.

Ситуацијата во четвртата групата во А сегментот во Лигата на Нации е интересна и три репрезентации имаат шанса за првото место, освен последнопласираната Швајцарија.

Со пораз вечерва во Лајпциг на „Ред Бул“ арена се испаѓа од трката за првото место и од битката за влез во самата завршница во најсилниот сегмент во Лигата на Нации.

Украинците имаа големи проблеми со Ковид-19, но ситуацијата малку се стабилизира, но сепак се аутсајдери против избраниците на Јоаким Лев.

Предлог тип: 1& T1 2+ (1.43)

 

6102 Португалија – Франција (Лига на Нации, 20.45 часот)

Актуелниот европски првак Португалија одолеа на првиот меч против светскиот првак Франција во тврд меч што заврши без голови.

Сега на „Луж“ во Лисабон на ред дојде реваншот и дуелот што може, но и не мора да го одлучи победникот во третата група во А сегментот.

Интересно ќе биде ако повторно мечот заврши без голови, бидејќи може да се случи двете репрезентации да останат со ист број на бодови, па да не одлучи и првиот критериум, меѓусебните дуели, бидејќи би било израмнето и 0:0 во двата меча.

Сепак тешко е да се претпостави дека уште еден дуел на ваквитоп-репрезентации може повторно да заврши без постигнат гол.

Франција има подбар биланс од 3 победи, едно реми и еден пораз во официјалните мечеви против Португалија, но можно е да биде и осетно хендикепирана без Мбапе на терен. Доживеаја незгоден пораз во пријателски меч од Финска со 0:2 во средата, но ова е сепак поинаков меч, на кој ќе типуваме дека ќе се одлучува со гол(ови) во второто полувреме.

Предлог тип: 2>1 (2.05)

 

6103 Шведска – Хрватска (Лига на Нации, 20.45 часот)

И двете селекции имаат проблем со корона-вирусот пред дуелот што веројатно ќе одлучи која селекција ќе испадне од А сегментот.

Карл Старфелт е позтивен на тест на Ковид-19 и веќе е испратен во карантин, па не е во составот на домаќините. Кај Хрватска од истите причини нема да игра Марсело Брозовиќ.

На „коцкестите“ им одговара и реми за да ги разрешат сите дилеми и да ја испратат Шведска во Б сегментот.

Домаќините немаат што да бранат, останаа без ниту еден бод на два меча до крај на ова издание во Лигата на Нации и ако не сакаат да испаднат мора да одат на победа.

Ова е меч како погоден за типување на голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.50)

 

6104 Швајцарија – Шпанија (Лига на Нации, 20.45 часот)

Шпанците се лидери на табелата во четвртата група од А сегментот, но пропуштија шанса да го обезбедат првото место и настапот во полуфиналето во Украина, каде загубија со 1:0.

Сега „Црвената фурија“ не смее да си дозволи нов кикс, против Швајцарците кои речиси сигурно ќе испаднат, дури и да победат вечерва.

Швајцарија постигнуваше најмалку по еден гол на сите мечеви досега во групата, освен на првиот дуел со Шпанците. Загубија во тврд меч со 1:0 во Мадрид и сега ќе се обидат да се реваншираат.

И на двете селекции не им одговара реми, па се очекува офанзива од почетокот на мечот. Шпанија ќе мора да победи, ако сака да ја пречека Германија во Севилја со најмалку еден бод предност во завршниот дуел што  би одлучувал за првото место во групата.

Швајцарија го фаќа последниот воз за опстанок, па очекуваме голови на „Сент Јакоб“ во Базел.

Предлог тип: ГГ (1.86)

 

Квоти на денот во Sport Life се:

Германија – Украина 1&3-5 гола (2.00)

Португалија – Франција 1Х&ГГ (2.60)

Швајцарија – Шпанија Х2&2-4 гола (2.00)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести