Лацио е незапирлив, Стојков типува дека ќе продолжи римската серија

3001 Сасуоло – Интер (Сабота, 15 часот)

Интер има многу проблеми, иако најави успешна сезона на двата главни фронта, Серија А и Лигата на шампионите. Во луксузната европска лига веќе ги загубија шансите за нокаут фазата, што е поразувачки за мојот поранешен клуб.

Сега амбициите ќе ги насочат кон атак на титулата во Серија А, но заморот и повредите на играчите ќе им бидат проблем во следниот период.

Сасуоло е опасен противник, игра атрактивно, но во последно време ставаат акцент и на одбраната. Примија само 9 гола што е добар ефект за второпласираната екипа во Италија.

Мечот е многу значаен за двете екипи и очекувам да играат попретпазливо во првото полувреме. Важно е да се победи и типувам на решение на исходот на еден од дерби дуелите во 9. коло со повеќе голови во второто полувреме.

Предлог тип: 0-1I&2+II (2.80)

 

3002 Беневенто – Јувентус (Сабота, 18 часот)

Јувентус ќе игра без Кристијано Роналдо и поголем дел од стандардните дефанзивци, но и со таков состав е пресилен за Беневенто.

Новакот во Серија А игра солидно, има три победи на 8 натпревари, но нема квалитет за да му се спротивстави на Јувентус.

Старата Дама не игра како што се очекуваше, а сепак рутински се пласираше во нокаут фазата во Лигата на шампионите и има премногу квалитетни поединци, доволно за победа против Беневенто.

Предлог тип: 2&0-3 (2.38)

 

3004 Лацио – Удинезе (Недела, 12.30 часот)

Лацио се консолидираше во од и успеа и покрај кризата со заразени играчи со корона-вирус и со доста повреди да направи одлична серија.

Имаат убава низа од 8 меча без пораз, сега се врати и Чиро Имобиле, па ќе им биде полесно да го скршат отпорот на Удинезе.

Можеби мал проблем е што ќе мора да мислат и на мечот со Борусија во Дортмунд, што следи на почетокот на декември во Лигата на шампионите, но тоа ќе биде и дополнителен предизвик да го решат мечот со Удинезе што порано.

На последните шест меѓусебни дуели Лацио го победуваше Удинезе на домашен терен и очекувам серијата да продолжи со седмица.

Предлог тип: 1-1&2+ (3.25)

 

3007 Калјари – Специја (Недела, 18 часот)

Искрено мојот поранешен клуб Специја ме изненади со солидните настапи во историската прва сезона за нив во Серија А.

Купија дури 17 нови играчи и не очекував толку брзо да се воигра тимот. Особено ме импресионира напаѓачот Мбала Нзола, кој беше откупен од Трапани по долги преговори и во последен момент.

Повреден им е Галабинов, кој се покажа во добро издание на почетокот на шампионатот, имаат уште доста повредени играчи, но и со такви проблеми Специја добро турка во првата фаза на шампионатот.

И Калјари ќе биде хендикепиран без Годин, Нандес, а особено ќе недостасува Симеоне во нападот. Двете екипи примаат, но и даваат доста голови, па очекувам често да се тресат мрежите на „Сардења арена“ во Калјари.

Предлог тип: ГГ3+ (2.08)

 

3008 Наполи – Рома (Недела, 20.45 часот)

Наполи нема реми во стартните 8 кола во Серија А, па и на таква серија мора да и дојде крајот. Очекувам во дербито со Рома, како последен меч во недела и шплагер на колото двете екипи да ремизираат.

Рома делува посигурно, серијата од 11 меча без пораз е за респект и ќе им даде крилја на гостите, но време е и Наполи да се разбуди и да одигра на нивото што според квалитетот на екипата треба да го прикажува.

Овој меч ќе биде и посебен за Наполи по трагичната смрт на нивната легенда Марадона, па очекувам со многу мотиви и елан да одиграат против одличната Рома.

И двете екипи имаат свои адути, па некако најреален исход според мене е дербито да заврши без победник.

Предлог тип: Х (3.65)

 

 

- Оглас -

Најнови вести