Ади Хитер се врати во Ајнтрахт Франкфурт

Ајнтрахт Франкфурт соопшти дека за нов тренер го именуваше Ади Хитер, кој по пет години се враќа на клупата на германскиот бундеслигаш.

​Австрискиот стручњак потпиша тригодишен договор и на таа функција го наследи Алберт Риера, кој минатиот месец спогодбено го напушти клубот по краткиот мандат.

​Ајнтрахт претходната сезона ја заврши на осмото место во Бундеслигата, веднаш под позициите кои водат во европските натпреварувања.

​„За мене е многу посебно и емотивно што повторно сум тренер на Ајнтрахт. Периодот што го поминав во Франкфурт остави силен впечаток кај мене и секогаш имав чувство дека остана нешто недовршено. Поради тоа сум уште посреќен што добив можност да се вратам и да се посветам на овој предизвик со многу работа, дисциплина и јасен фокус“, изјави Хитер.

​Педесет и шестгодишниот тренер првпат го презеде Ајнтрахт во 2018 година и уште во првата сезона го однесе клубот до полуфиналето на Лига Европа. Франкфурт го напушти во 2021 година кога прејде во Борусија Менхенгладбах.

​Последниот ангажман го имаше во Монако, со кој го освои второто и третото место во француското првенство. Сепак, во октомври минатата година беше сменет по послабиот почеток на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести