Екипата и навивачите на Арсенал денес масовно слават, без оглед на тоа што вчера претрпеа пораз во финалето на Лигата на шампионите.
Тимот од Северен Лондон го одбележува својот голем триумф и освојувањето на титулата во Премиер лигата со спектакуларен парад низ улиците на англиската престолнина. По цели 22 години шампионскиот трофеј е повторно во витрините на Арсенал.
Илјадници фанови со овации ги поздравуваат избраниците на Микел Артета, кои дефилираат низ градот во традиционалниот отворен шампионски автобус.

