Арсенал повторно не успеа да стигне до европскиот врв, откако во финалето на Лигата на шампионите загуби од ПСЖ по изведување пенали (4-3). Натпреварот по 90 минути и по двете продолженија заврши без победник, 1-1.
Одлучувачки во пенал-серијата беа промашувањата на Езе и Габриел, што им овозможи на парижаните да стигнат до престижниот трофеј и да ја прослават европската титула.
Сепак, фудбалерот за врска на ПСЖ, Жоао Невеш, вели дека во текот на играта неговиот тим имал апсолутна доминација и заслужено го одбрани европскиот трофеј.
„Заслуживме да победиме. Искрено, на теренот видов само еден тим“, изјави Жоао Невеш.

