Како Струга нема друга, бастионот не го освои ниту лидерот Шкендија

Струга Трим Лум успеа да го сочува својот бастион и повторно остана непоразена и седми пат по ред на свој терен, по ремито 1:1 денеска со Шкендија.

Стружани долго водеа со голот на Ристевски од 12. минута, но најдобриот стрелец во Првата македонска лига, Бесарт Ибраими израмни на 1:1 и ја остави Шкендија на врвот.

И второто дерби на 13. коло заврши миролјбиво. Скопските ривали Македонија и Шкупи одиграа без голови во Ѓорче Петров и ги задржаа втората и третата позиција.

Денот за реми дуели продолжи со 2:2 во Струмица на дуело меѓу Беласица и Работнички, а Ренова конечно успеа да победи по долгата серија неуспеси.

Со голот на Селмани во 91. минута Гипсарите го победија Борец со 1:0, а триумф забележа и Силекс со 2:1 против Пелистер во Битола.

Резултати, 13. коло: Македонија Ѓ.П. – Шкупи 0:0, Струга – Шкендија 1:1, Беласица – Работнички 2:2, Ренова – Борец 1:0, Пелистер – Силекс 1:2, Вардар – Академија Пандев 2:0.

Табела: Шкендија 27, Македонија Ѓ.П. 26, Шкупи 25, Струга 20, Вардар и Борец по 19, Силекс 17, Работнички 13, Пелистер 12, Ренова 11, Академија Пандев 10, Беласица по 9.

- Оглас -

Најнови вести