Драма во Минхен: Баерн со гол во 100 минута се спаси од пораз од последниот на табелата (Видео)

Германскиот првак Баерн Минхен на својот стадион „Алијанц Арена“ одигра нерешено 3:3 против екипата на Хајденхајм во меч од 32. коло на германската Бундеслига. Шокантно е дека Хајденхајм е екипа која е на последното место на табелата. По оваа реми, Хофенхајм стигна до 23 бодови и уште е фенерџија на табелата, со мали шанси да се спаси од испаѓање.

Серијата погодоци ја отвори грузискиот интернационалец во редовите на Хајденхајм, Буду Зивзивадзе со погодокот во 22 минута.

Не поминаа ни 10 минути, а гостите поведоа со 2:0 кога погоди Динкчи и тоа на празна мрежа, а оваа ситуација може да ја погледнете ТУКА.

До крајот на првиот дел, Баерн Минхен намали на 1:2 и тоа со погодокот на Леон Горецка, постигнат директно од корнер. 

На почетокот на второто полувреме Баерн израмни на 2:2 со вториот погодок на Горецка, но на изненадување на многумина, Хајденхајм направи уште еден подвиг кога Буду Зивзивадзе со својот втор погодок, повторно донесе водство за гостите, овојпат од 3:2.

Кулминација на драмата се случи во 90+10 минута кога Олисе шутираше, топката удри во стативата, а потоа се одби од грбот на гостинскиот голман Рамај и заврши во мрежата за конечни 3:3 во Минхен.

Во останатите мечеви кои се одиграа денеска: Ајнтрахт Франкфурт – Хамбургер 1:2, Хофенхајм – Штутгарт 3:3, Унион Берлин – Келн 2:2, Вердер – Аугсбург 1:3.

- Оглас -

Најнови вести