Вардар води со 1:0 на гостувањето во Гостивар против Башкими во меч од 30. коло на Прва лига. Закариќ погоди во осмата минута за водство на Вардар, а покрај погодокот, во првите половина час, се случи и еден немил настан.
Додека играчот на Вардар, Михаил Маневски се подготвуваше да изведе аут, во непосреда близина, од трибината падна еден навивач на Башкими. Мечот веднаш беше прекинат, а брзата помош реагираше.

Навивачот ја доби потребната помош, а по неколку минути пауза, натпреварот продолжи. Башкими поради казна и суспензија на стадионот во Куманово, денеска како домаќин игра во Гостивар.
Во вториот меч кој се игра денеска во Прва лига, по половина час Работнички на арената „Тодор Проески“ води со 2:1 против Пелистер.


