Стојков најавува убав викенд со Серија А, ќе уживаме во голови

3001 Специја – Лацио (Сабота, 15 часот)

Лацио се сопна против Удинезе во Серија А, но потоа се извади за киксот со реми во Дортмунд против Борусија, што на некој начин покажува дека се ментално силни.

Римјаните ќе мислат на клучниот дуел со Бриж, во вторник, што може и со реми да им донесе пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите, но мора да освојуваат бодови и во Калчото. Амбициите им се високи, имаат одличен тим, а Милaн веќе им побегна за 9 бода.

Специја игра отворен фудбал и изненади со солидниот старт во историската прва сезона за клубот во Серија А. Немаат пораз на три меча по ред и очекувам повторно да играат офанзивно.

И изборот на Лацио предбидувам дека ќе биде да се одигра на победа, па типувам дека ќе има најмалку три гола на меч на кој ќе се тресат мрежите на двајцата голмани.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.98)

 

3003 Интер – Болоња (Сабота, 20.45 часот)

Интер ќе има добро загревање со Болоња за мечот против Шахтар во последното коло во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Конкуренцијата за титулата сезонава во Серија А е најголема во последните години, па не смее веќе да има киксови на кандидатите за Скудетото.

Интер сака да биде шампион, а има и меч против Шахтар, многу значаен за пробив во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Претпоставувам дека Антонио Конте нема да калкулира со составот. Интер ќе сака да и се реваншира на Болоња за два порази по ред на „Џезепе Меаца“.

Нероаѕурите имаат одлични напаѓачи и многу солиден среден ред, па можат да ја притиснат Болоња од самиот старт на мечот. Ромелу Лукаку е трет стрелец во Лигата, Лаутаро Мартинес е во топ-10, што е добра гаранција за голови на мечевите што ги игра Интер.

Гостите немаат реми во досегашните 9 кола во Серија А што покажува дека не калкулираат, па очекувам многу голови и интересен меч во Милано, на кој Интер е голем фаворит.

Предлог тип: 1&2+ пол. (2.95)

 

3005 Рома – Сасуоло (Недела, 15 часот)

Рома разочара во Неапол и речиси без битка загуби убедливо од Наполи и ја прекина серијата од 13 меча без пораз. Се рехабилитираа со триумфот против Јанг Бојс во Европа Лигата и обезбедија пласман понатаму, што ќе им даде поттик за почеток на нова успешна серија.

И Сасуоло одигра слабо против Интер и го доживеа првиот пораз сезонава во првенството, па некако овој меч ќе биде за рехабилитација.

И двете екипи се ефикасни, па „нулите“ против Наполи и Интер брзо ќе ги заборават. На последните два меѓусебни дуели имаше многу голови, по шест, а и двете екипи си победија дома со ист резултат 4:2.

Очекувам нешто слично да биде и утре во дуел на две екипи што играат атрактивен и напаѓачки фудбал.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.62)

 

3007 Удинезе – Аталанта (Недела, 15 часот)

Аталанта во последно време лесно го победува Удинезе и има пет триумфи по ред во меѓусебните дуели. Во таа серија гол-разликата им е импресивна 17:4, а се уште се памети победата од 7:1, лани во Бергамо.

Проблем за бергамашите е што пред себе имаат многу тежок меч во Амстердам и не смеат да загубат од Ајакс во среда ако сакаат да останат да се натпреваруваат во Лигата на шампионите.

Гостите имаа доста повреди и проблеми, секако на тоа влијаеше и продолжената ланска сезона и настапот во четвртфиналето во ЛШ, кога загубија несреќно од Пари Сен Жермен со голови во самиуот финиш.

Удинезе има серија од три меча без пораз, ќе бидат поодморни и психолошки порастеретени од ривалот, но верувам во квалитетот на Аталанта и типувам дека и шестти пат по ред ќе го победи тимот од Удине.

2&Т2 2+ (2.55)

 

3651 Сампдорија – Милан (Недела, 20.45 часот)

Милан е машина за голови и без Златан Ибрахимовиќ, а колку се самоуверени и во победнички тренд, покажа и мечот со Селтик.

Не е лесно по два примени гола за 15 минути, да се направи пресврт и да се победи екипа од рангот на шкотскито гигант, но Милан успеа да го стори и тоа и да продолжи да блеска.

Немаат пораз на домашен терен и што е најважно веќе прегрмеа успешно неколку дуели без Ибрахимовиќ. Проблем е што им се повреди и Кјаер, но имаат добри замени, па очекувам да бидат подобри и од Сампдорија, иако не им играат стрелци на три гола од последната победа против тимот од Џенова, во јули годинава, кога Милан беше убедлив и славеше со 4:1 на Мараси.

Сампдорија е во серија од три меча на кои постигнуваше најмалку еден гол, па очекувам да се радуваат и на најмалку еден погодок и против Милан.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.00)

 

- Оглас -

Најнови вести