Стојков прогнозира победи на тандемот од Торино

3002 Кротоне – Специја (Сабота, 15 часот)

Кротоне не победи ниту една екипа во кам-бекот во Серија А и по 10 кола се единствената екипа што е без триумф. Се очекуваше да се борат за опстанок, но сепак само два бода од можни 30 е премногу слабо за екипа што игра во Калчото.

Единствена светла точка според мене засега им е само Нигериецот Сими, кој е одличен напаѓач, но тоа е премалку за опстанок во лига што спаѓа во Топ-5 во Европа.

Специја има солидни 10 бода во првата сезона како калчолигаш во клупската историја. Дури мислам дека мојот поранешен клуб игра и подобро од салдото што го има во бодови.

Ако победат и денеска ќе имаат многу подобра позиција во битката за опстанок, што е главна цел за клубот. Специја има и добра традиција на гостувањата кај Кротоне. Победија во последните два меѓусебни дуели како гости и очекувам тоа да го сторат и по третпат.

Предлог тип: 2 (2.80)

 

3003 Торино – Удинезе (Сабота 18 часот)

Удинезе изненади со неочекуваната победа во Рим против Лацио, а и Торино беше на прагот на сензација, но не издржа потив Јувентус и загуби со гол во финишот.

Гостите се во подобра форма, имаат три меча по ред без пораз, а Торино е во сосема спротивен тренд со четири натпревари без победа. Сепак очекувам Биковите полека, но сигурно да се извлечат од опасната зона, бидејќи имаат солиден тим и огромно реноме во италијанскиот фудбал.

Последните меѓусебни дуели на двете екипи беа тврди, со многу тактика и само еден гол што го одлучуваше победникот. Очекувам уште еден таков меч и четврта победа по ред на Торино на домашен терен против тимот од Удине.

Преголдлог тип: 1 (2.80)

 

3008 Болоња – Рома (Недела, 15 часот)

Болоња се уште нема нерешен резултат и по 10 кола во новата сезона, а Рома некако и не е ривал за реми. И двете екипи играат отворен фудбал, па очекувам да има голови.

Играчите на Рома имаа повеќе натпревари од ривалот, бидејќи настапуваат и во Европа Лигата, но мора да се игра и во такви темпо и да се освојуваат бодови.

Двете екипи имаат долгогодишна традиција со добри настапи во Калчото, имаат и титули, па очекувам со офанзивен фудбал да потсетат на ривалитетот што го имаат во Италија.

И последните меѓусебни дуели им беа со доста голови, па ќе типувам дека на „Ренато Дал Ара“ ќе се игра ефикасно и со ГГ&3+.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.72)

 

3010 Џенова – Јувентус (Недела, 18 часот)

Џенова е во лоша позиција и во серија од 9 меча без победа. Добро ја почнаа сезоната со триумф против Кротоне, но потоа покажаа доста слабости.

Пандев се уште е еден од главните фактори во екипата и покрај тоа што е веќе во залез на кариерата, а се знае дека особено добро игра против Јувентус.

Ќе навивам пак да му даде гол(ови) на шампионот на Италија, но се сомневам дека Џенова можа да го изненади Јувентус.

Џенова има скромен тим и многу проблеми со отсутни играчи и тоа дел од клучните. Најавено е дека нема да играат Кришчито, Бираски, Запакоста, не брани и Перин, па мислам дека тоа е преголем хендикеп, заедно со квалитетот што е на страната на Јувентус.

Предлог тип: 2&2-5 (1.71)

 

3650 Милан – Парма (Недела, 20.45 часот)

Милан држи дистанца на врвот на табелата и што е најважно за нив победува и без Златан Ибрахимовиќ. Позицијата им е одлична и не е само што се лидери, туку поважно е и што ја имаат потребната атмосфера за атак на титулата. Првата фаза од 10 кола ја одработија одлично, сега очекуваат кам-бек на Ибрахимовиќ, а во зимскиот преоден рок можат и да се засилат за да бидат и фаворити за Скудетото.

Парма е интересна екипа, а играат по принципот „топло-ладно“, но знаат да изненадат против екипите што се фаворити против нив. Го немаат победено Милан на последните шест меѓусебни дуели, или од 2014 година, но на нивните мечеви како по правило има многу голови.

И сега очекувам меч што ќе биде атрактивен, со напаѓачки фудбал и со голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.10)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести