Хокеарската икона на 48-годишна возраст ќе ја игра 33-та сезона

Јаромир Јагр ја почна и 33-тата сезона во хокеј на мраз, сега во тројна улога како играч, претседател и косопственик на чешкиот клуб Кладно.

Чешката легенда има 48 години, а педантните аналитичари понудија податок дека неговата прва титула во НХЛ освоена во 1991 година е постара од просекот на играчите во НХЛ-лигата.

Јагр беше првак со Питсбург пингвинс во 1991 и во 1992 година, односно на самиот почеток на кариерата во НХЛ-лигата. Има многу рекорди и е една од иконите на хокеј на мраз.

- Оглас -

Најнови вести