Стојков со „иксови“ го почна и го заврши типувањето во Серија А

3651 Фиорентина -Верона (Сабота, 15 часот)

На Фиорентина и се повторува ланската сезона и повторно се разочарување во Серија А.  Пак најавија големи амбиции, но заглавија со серија од 7 меча без победа, па кризата е очигледна.

Верона игра многу солидно, особено се опасни на гостински терен, а им лежат и гостувањата на „Артемио Франки’, каде немаат пораз на последните четири меча.

Гостите имаат проблем со неколку отсутни играчи, но и Фиорентина не е без грижи, ако се потврди дека Рибери е повреден.

На последните три гостувања на Верона во Фиренца, двапати беше нерешено, па мојот избор е дека повторно нема да има победник.

Предлог тип: Х (3.25)

 

3653 Парма – Јувентус (Сабота, 20.45 часот)

Двете екипи се со најмногу ремија во Серија А, имаат по шест и ако за Парма и не е изненадување, за Јувентус е премногу дури и за цела сезона, со оглед на доминацијата во последните десеттина години.

Старата Дама пропушта шанси едноподруго за да ја намали разликата во однос на лидерот Милан и на второпласираниот Интер, па нема избор освен атак на трите бода на „Енио Тардини“.

Јувентус победи на двете последни гостувања кај Парма, очекува и трет триумф по ред. Овде ќе типувам дека гостинот ќе победи и дека на полувремето ќе биде нерешено.

Предлог тип: Х-2 (4.30)

 

3656 Интер – Специја (Недела, 15 часот)

Интер забележа многу важна победа против Наполи за враќање на самодовербата по елиминацијата од Лигата на шампионите.

Има многу критики за Антонио Конте, амбициите се големи, па и нервозата е разбирлива, особено по неуспехот во Европа. Сепак на Интер добро му оди во Калчото. Има серија од пет победи и на 8 меча по ред е непоразен.

Против Специја, која игра многу солидно во историската сезона во Серија А, Интер има убава шанса да продолжи да победува, па дури и да го смени Милан на врвот.

Очекувам домаќините да ја искористат можноста и со нови три бода да ја продолжат одличната низа од победи.

Предлог: 1-1&2-5 (2.40)

 

3660 Аталанта – Рома (Недела, 18 часот)

Рома ја надмина кризата со две победи по ред и Волчицата повторно игра напаѓачки и ефикасно со дури 8 постигнати гола против Болоња и Торино.

Сега предизвикот е многу потежок, против стабилен и одличен тим каков што има Аталанта. И таму имаше криза и кавга меѓу капитенот Гомес и тренерот Гасперини, но победата против Ајакс за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите се чини направи пресврт.

Аталанта оттогаш повторно игра на препознатливо ниво, го надигра, иако не го победи Јувентус во минатото коло, па има добри шанси и на дербито со Рома.

Двете екипи играат отворен и напаѓачки фудбал, па лично очекувам многу голови во Бергамо.

Предлог ГГ&4+ (2.28)

 

3661 Лацио – Наполи (Недела, 20.45 часот)

Наполи остана единствената екипа без реми по 12 кола во Серија А и очекувам конечно за првпат да одиграат нерешено. И двете екипи ќе се обидат да се рехабилитираат за неуспесите во претходното коло.

Лацио очекуваше победа против Беневенто, но не успеа, а и за Наполи е неуспех поразот од Интер. Уште полошо за нив е што се повреди Мертенс. Нема да игра и Инсиње поради црвениот картон, па Наполи има многу мал избор на напаѓачи, бидејќи и Осимен е повреден.

И Лацио има проблеми, кај нив е најавено дека дури шест играчи нема да настапат, па некако „мириса“ на реми, иако без победник не завршил ниту еден од последните 8 меѓусебни дуели на овие две екипи.

Предлог: Х (3.30)

 

- Оглас -

Најнови вести