Феникс лета високо, ќе ја урне незгодната традиција против слабиот Детроит

8001 Детроит пистонс – Феникс санс (НБА, 01 часот)

Детроит се заглави на дното на табелата во Источната конференција со само една победа и 7 порази, а Феникс сосема спротивно ја почна новата сезона и е на првото место во Западната конференција со шест победи и два порази.

Санс конечно имаат екипа за настап во плејофот што е одлично избалансирана. Букер и Ајтон се претставници на младата гарда и играат одлично, а умешно им помагаат ветераните Пол и Краудер.

Болката кај Детроит е Блејк Грифин, кој не игра на очекуваното ниво и резултатите се катастрофални. Единствен адут на Пистонс, кои се во очигледна криза, се седумтте победи против Феникс санс во серија во меѓусебните дуели.

Сепак, традицијата постои за да се урне, а Феникс има подобар тим и е во подобра форма од домаќинот, па ќе типуваме двојка.

Предлог тип: 2 (1.43)

 

8400 Бостон селтикс – Вашингтон визардс (НБА, 01.30 часот)

Бостон е една од најефикасните екипи во НБА и на девет меча на стартот од сезоната веќе ги мина илјадарките по бројот и на постигнати и на примени кошеви.

Ноќеска гостин им е ривал што е уште помераклија за брза кошарка со многу поени. Вашингтон визардс ќе се потпре на Бредли Бил, еден од најдобрите бекови-шутери во НБА-лигата, бидејќи неизвесен е настапот на големата ѕвезда Расел Вестбрук.

За ран-енд-ган баскет секогаш е расположен и Бостон, предводен од Тејтум и од Браун. И традицијата во меѓусебните дуели на Селтикс и Визардс е таман за да се одигра на плус поени.

Предлог тип: >234.5 поени (1.90)

 

8339 Њујорк никс – Оклахома сити тандер (НБА, 01.30 часот)

Њујорк конечно игра онака како што одамна очекува бројната армија навивачи на Никс и со три победи по ред се проби во Топ-8 во Источната конференција.

Том Тибодо, кој го презеде кормилото во јули лани, успеа брзо да го консолидира тимот и по долг период во Њујорк живнаа надежите за настап во плејофот.

Лидер им е одличното крило Џулиус Рендл и по долги години криза и лоша атмосфера во клубот, конечно Никс ги краси тимска кошарка.

Оклахома значајно го измени ликот на тимот. Ги нема веќе Крис Пол, Стивен Адамс, Данило Галинари, Денис Шрудер, па стартната петорка им е значително послаба од претходните години.

Њујорк е во налет, игра одлична одбрана и ќе типуваме дека ќе ја забележи и четвртата победа по ред.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

8355 Милвоки бакс – Јута Џез (НБА, 02 часот)

Во минатото и двете екипи беа познати по цврстата одбрана, но сега и трендот во НБА-лигата се смени од корен, па екипите слабо ѝ посветуваат внимание на дефанзивата.

Милвоки нанижа три победи и полека се пробива кон врвот на табелата во Источната конференција. Јанис Адетокумбо игра сè подобро и поефикасно, а Бакс постојано во последните години се топ-фаворити за титулата, но никако да стигнат до неа.

И Јута е во слична ситуација, предводена од една од најголемите млади ѕвезди во НБА, Донован Мичел. Имаат многу солиден тим, но без посебен ефект, особено во плејофот.

И двете екипи имаат одлични шутери, па се очекува интересен меч, а ние ќе типуваме дека ќе биде и исклучително ефикасен.

Предлог тип: >231.5 (1.90)

 

8652 Леброн Џејмс (Лос Анџелес лејкерс – Чикаго булс, НБА, 04 часот)

Чикаго булс му е еден од омилените ривали на Леброн Џејмс и против нив Кралот на кошарката секогаш има посебни мотиви.

На мечевите против Биковите и како кошаркар на Кливленд и Мајами и сега како член на Лос Анџелес лејкерс речиси и да нема меч на кој Леброн не постигнал 30, или повеќе поени.

Лејкерс загубија на последниот меч против Сан Антонио и сега ќе бркаат победа за рехабилитација. Закана за плус поени кај Леброн Џејмс е само ако Лејкерс направат голема разлика во раната фаза од мечот, што автоматски би значело и помала минутажа за главната ѕвезда на шампионот.

Таквата варијанта секогаш е ризик, но очекуваме Чикаго да пружи силен отпор и ќе одиграме на плус поени на Леброн Џејмс.

Предлог тип: >25.5 поени (1.87)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести