Екипата на Рома успешно ја заврши домашната задача на „Олимпико“ против Фиорентина и победи со 4:0, во меч од 35 коло на Серија А. Со овој триумф, Римската волчица стигна до 64 бодови и се искачи на петото место на табелата со само еден бод помалку од Јувентус кој е на четвртото место, последно кое води во Лига на шампиони за следната сезона. Тоа значи дека во последните три кола од Серија А ќе се води голема борба за пласман во елитната лига на УЕФА.
Рома сите дилеми околу победникот против Фиорентина ги реши уште во првото полувреме. Серијата погодци ја отвори Манчини кој погоди во 13 минута со глава по еден одлично изведен корнер. Тој гол може да го видите ТУКА.
Само четири минути подоцна следуваше нова радост за домашните фанови на „Олимпико“. Весли Франка шутираше прецизно од шеснаестникот за 2:0 и тој гол може да го видите ТУКА.
Веќе во 35 минута беше 3:0 за Волчицата, а стрелец беше Хермосо. Во второто полувреме, беше постигнат уште еден гол преку Николо Писили за конечни 4:0.
Фиорентина по овој пораз остана на 37 бодови и е на 16 место на табелата, но Виолетовите може да бидат мирни затоа што имаат дури девет бодови повеќе од Кремонезе кој е во зоната за испаѓање.

