Англискиот премиерлигаш Челзи е заинтересиран за ѕвездата на Брентфорд, Игoр Тијаго, кој би можел да претставува големо засилување за нападот на Сините од Лондон во следната сезона.
Според информациите од „ЕСПН“, негоивот сегашен клуб е свесен дека тешко ќе го задржи напаѓачот, иако тој во февруари потпиша нов договор до 2031 година. Токму тој договор му дава силна позиција на раководството на Брентфорд да бара висока трансфер сума, па се споменуваат околу 80 милиони фунти за поранешниот фудбалер на Лудогорец, кого претходно го донесе од Клуб Бриж за 30 милиони пред две години.
Игoр Тијаго, бразилски напаѓач, оваа сезона настапува импресивно во Премиер лига. На 35 натпревари постигна 22 голови и забележа една асистенција за 3388 минути игра.
И покрај тоа што првата сезона во Англија му ја обележа тешка повреда, оваа година тој игра на високо ниво и е во борба за титулата најдобар стрелец, веднаш зад Ерлинг Халанд.
Неговиот напредок не помина незабележано ниту кај селекторот Карло Анчелоти, кој го повика во бразилската репрезентација, а напаѓачот веќе го постигна и својот прв гол за националниот тим.
Покрај Челзи, интерес за Тијаго покажуваат и Атлетико Мадрид, Јувентус и Милан, што дополнително ја зголемува неговата пазарна вредност и можниот профит за Брентфорд при евентуален трансфер.

