Сити се спаси од пораз кај Евертон, но и тоа е чекор назад во трката за титулата (Видео)

Манчестер сити потклекна на гостувањето кај Евертон откако одигра 3-3, па сега повторно го губи чекорот со Арсенал во трката за шампионската титула.

Ремито е добро, но секако дека евентуале пораз на Граѓаните ќе предизвикаше многу поголема еуфорија кај фановите на Арсенал. А Сити имаше и негатива од 3-1 во вториот дел.

Доку го доведе Сити во водство во 43-тата минута, но Евертон возрати силно во второто полувреме. Тирно Бери израмни во 68-та минута, а пет минути подоцна Џејк О’Браен се погрижи за пресврт.


Во 81-та минута Тирно Бери погоди за 3-1, но потоа Халанд постигна брз погодок за надеж за Граѓаните.


Жереми Доку во 97-та минута го спаси Манчестер сити од пораз и го постави конечниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести