Турскиот ко-сопственик го презеде раководењето со Тиквеш и го избрка тренерот Борче Христов

Раководството на Тиквеш донесе важни одлуки по последниот состанок на Акционерското друштво, при што ко-сопственикот Цезер Браво ќе ја преземе целосната контрола врз функционирањето на клубот.

Како дел од новата организациска поставеност, беше извршена и целосна промена во стручниот штаб. Клубот се раздели со тренерот Борче Христов, заедно со неговите соработници Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков, како и со спортскиот директор Љупчо Трајковски.

Од клубот истакнуваат дека ќе продолжат да работат професионално и транспарентно, со цел стабилизација и напредок во завршницата од сезоната.

По 30 одиграни кола, Тиквеш се наоѓа на петтото место во Прва македонска фудбалска лига со освоени 41 бод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести