Брест никогаш не го победил ПСЖ во прволигашки меч, вечерва ќе им даде гол на Светците

3654 Беневенто – Аталанта (Серија А, Италија, 15 часот)

Аталанта ја искористи паузата да се консолидира, се вратија во строј повредените играчи и тоа веднаш се забележува на резултатите.

Клубот од Бергамо има серија од шест меча без пораз и полека, но сигурно го враќа сјајот од минатите сезони, кога беше хит и во Италија и во Европа.

И Беневенто е успешна приказна, па кам-бекот во Серија досега го одбележаа со залиха од 21 бод, што им дава големи шанси да ја остварат целта и да го осигураат опстанокот.

Двете екипи играат фајтерски фудбал, за гол повеќе и добра варијанта е да се одигра дека ќе има 4, или повеќе голови на „Чиро Вигорито“.

Предлог тип: 4+ (2.21)

 

1802 Баер Леверкузен – Вердер (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

Со два порази по ред Баер го загуби чекорот со водечкиот тандем Баерн-Лајпциг во Бундеслигата, но сега и поразот на шампионот во Менхенгладбах им оди на рака за да се доближат на само два бода разлика, или евентуално три, ако Лајпциг ја победи Борусија Дортмунд.

Причината за одјавата со пораз во 2020 година и најавата на новата 2021 година исто така со пораз кај Баер е големиот број на отсутни фудбалери.

Арангис, Белараби, Бендер и уште 3-4 фудбалери нема да играат и денеска против Вердер, шти е хендикеп за фармацевтите од Леверкузен.

Вердер е во лоша форма и има четири порази на последните пет меча. Бундеслигата сезонава е многу непредвидлива за типување на конечен резултат, па ќе одиграме на голови.

За почитувачите на статистиката и на традицијата на последните четири меѓусебни дуели меѓу Баер и Вердер имаше дури 21 гол.

Предлог тип: 4+ (2.55)

 

3655 Џенова – Болоња (Серија А, Италија, 18 часот)

И двете екипи имаат по пет ремија на 16 натпревари во Калчото, а интересно е што нерешените резултати на Болоња и се на последните пет меча, откако на стартот на сезоната на 11 дуели немаше одиграно без победник.

Џенова е во полоша ситуација од Болоња и е на претпоследното место со 11 бода. Болоња има 17 и еднакви проблеми како денешниот ривал.

И двете екипи имаат по шест играчи што нема да настапат, а за жал меѓу нив е и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, кој третпат по ред поради повреда на мускулот нема да настапи за Џенова.

И двете екипи се некако израмнети по квалитет, знаат да одиграат без победник на меѓусебните дуели, па ќе одиграме дека и сега на „Луиџи Ферарис“ ќе биде нерешено.

Предлог тип: Х (3.30)

 

2835 Ним – Лил (Лига 1, Франција, 21 часот)

Ним е најлошата екипа во Франција, заедно со Лоријон, а 12 бода на 18 меча е доволно само за делба на последното место.

Екипата чиј член се уште е Влатко Стојановски, кој е позајмен од Ним во Шамбли има црна серија од шест меча без победа, а пет од нив се порази.

Новата година ја почнаа со петарда што ја примија од Стразбур, а сега се на нови маки. Им доаѓа Лил, еден од кандидатите за титулата во Франнција.

И тие потфрлија во првото коло од новата година, па Анже ги изненади како гостин со победа од 2:1. Лил е поквалитетна екипа од Ним и ќе победи, а ќе ќе го почитуваме и трендот во меѓусебните дуели во последно време со 22 гола на пет меча.

Предлог тип: 2&3+ (2.26)

 

2831 ПСЖ – Брест (Лига 1, Франција, 21 часот)

Нејмар е најголемата ѕвезда од дури деветмина фудбалери на Пари Сен Жермен кои од различни причини ќе бидат отсутни на дуелот со Брест.

ПСЖ го плаќа данокот на повредите и на корона-вирусот со многу отсутни играчи од почетокот на сезоната и не се веќе надмоќни во Франција.

Моментно се на втората позиција со 36 бода, колку што има и Лил, а се зад лидерот Лион со минус од 3 бода. Светците имаат одлична традиција против Брест и се непоразени досега.

Имаат 8 победи и три ремија во меѓусебните дуели, веројатно и денеска ќе победат, но Брест има одлична екипа со брзи напаѓачи. Дуото Кардона-Муние може да им зададе многу проблеми на парижани, а типуваме дека гостите ќе постигнат барем еден гол и дека ПСЖ нема да загуби.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.03)

 

Квоти на денот во Sport Life се: 

Баер – Вердер 1-1&2+ (2.65)

Милан – Торино Т1 1+&T1 2+ (2.25)

Осасуна – Реал Мадрид Х2&ГГ (2.35)

 

- Оглас -

Најнови вести