Стојков има петка што ќе им се допадне на гостите во Италија

3002 Болоња – Верона (Сабота, 15 часот)

Болоња е во лоша форма со 8 меча без победа, па и атмосферата не е на ниво, па Верона ќе се обиде да ја искористи шансата.

Домаќините примаат многу голови, речиси по два во просек на меч и се меѓу најлошите екипи во таа категорија. Синиша Михајловиќ има многу проблеми и ќе мора брзо да најде решение за излез од кризата.

Верона игра добро, опстанокот што им беше прва цел е речиси обезбеден, па сега можат да играат и порелаксирано. Имаат солидни напаѓачи и цврста одбрана што е добар рецепт за успеси во Италија.

Болоња според коефициентите е фаворит, но очекувам Верона да победи и да ги освои бодовите што можат да ги одведат блиску до позициите што водат во еврокуповите.

Предлог тип: 2 (3.00)

 

3003 Торино – Специја (Сабота, 18 часот)

Специја знае да изненади, а со 17 бода како дебитанти во историскиот настап во Серија можат да бидат задоволни. Мојот поранешен тим приреди подвиг со победа против Наполи, потоа ја надиграа и Сампдорија и со две победи по ред и многу самодоверба доаѓаат во Торино.

Биковите имаат солиден тим, но играат лошо сезонава и со две победи и дури 9 порази пласманот на 18. позиција со сао 12 бода е логичен редослед на работите.

Ова ќе биде тежок меч, победата ќе значи многу во битката за опстанок, па очекувам да нема победник.

Предлог тип: Х (3.35)

 

3005 Наполи – Фиорентина (Недела, 12.30 часот)

И двете екипи играат под голем притисок, амбициите се големи, но резултатите не го покажуваат тоа. Наполи очекуваше да се бориз а титулата, но засега е далеку на шестото место, па Џенаро Гатузо постојано е пред отказ, што само дополнително ја зголемува нервозата во Неапол.

Чезаре Прандели успеа некако да ја стабилизира играта на Фиорентина, но тоа оди споро за очекувањата на Виолетовите, кои постојано најавуваат битка за врвот и за излез во Европа, ново последните неколку сезони тоа не им успева.

Наполи мора да оди на победа, ако сака да остане во битка за врвот, а на Фиорентина и одговара и реми на тешкото гостување во Неапол, особено што според најавите ќе бидат ослабени и ќе играат без Франк Рибери.

Наполи е поблиску до победа, но очекувам и Фиорентина да постигне барем еден гол, како што тоа го сторија последните пет противници на наполитанците.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.26)

 

3006 Кротоне – Беневенто (Недела, 15 часот)

Кротоне е последен на табелата во Калчото и главен кандидат за испаѓање, додека нивниот доскорешен ривал од Серија Б, Беневенто е пријатно изненадување.

Филипо Инѕаги одлични ги предводи и во Серија А, откако лани на убедлив начин Беневенто како шампион во Втората лига обезбеди кам-бек во најсилната лига во Италија.

Кротоне има многу солидни напаѓачи во Месијас и во Сими, но одбраната им е катастрофална со дури 40 примени голови, што е премногу за Италија.

Гостите имаат пдообар тим и типувем дека ќе ги искористат проблемите што Кротоне ги има со дефанзивниот ред и дека ќе победат.

Предлог тип: 2 (2.51)

 

3010 Интер – Јувентус (Недела, 20.45 часот)

Дербито на Италија секогаш е возбудливо, ривалитетот меѓу Интер и Јувентус е огромен, а и сега ситуацијата е деликатна за двете екипи.

Пораз во дербито би бил болен за двете екипи и лош исход за амбициите да се атакува на Скудетото. Ова особено важи за Јувентус, кој драстично би ги намалил шансите за одбрана на титулата, ако загуби на „Џузепе Меаца“.

Интер по долг период има шанса да биде првак на Италија, битката се разгорува па секој бод е исклучително значаен. Јувентус има подобар биланс од Интер, има и 8 меча по ред во сите конкуренции без пораз од големиот ривал, но допатува во Милано и со многу проблеми.

Дибала нема да настапи во ситуација кога со солидни игри најави дека се враќа во препознатлива форма, а голем хендикеп за Старата дама ќе биде и отсуството на Квадрадо, Мек Кени, Киеза, Алекс Сандро и Де Лихт.

Во вакви дерби натпревари кога влогот е голем ќе се внимава на секоја грешка, ќе се тактизира, бидејќи е важно да не се загуби, па типувам дека мечот ќе заврши нерешено.

Предлог тип: Х (3.45)

 

- Оглас -

Најнови вести