Историски меч меѓу Лидс и Брајтон, ќе се слави со голови

1002 Лидс – Брајтон (Премиерлига, Англија, 16 часот)

Марсело Бјелса ќе мора брзо да најде рецепт за враќање на самодовербата кај играчите на Лидс, по шокантната елиминација во ФА купот од четвртолигашот Кроули.

Премиерлигашот одигра мизерен меч и загуби убедливо со 3:0, по што имаше многу критики и за играчите и за тренерот.

Победа против Брајтон во првиот меѓусебен дуел на двете екипи во Премиерлигата би бил вистински лек за раната што се отвори по сензационалната елиминација во националниот куп.

И Брајтон има големи проблеми. Галебите се во серија од дури девет натпревари без победа, па ќе мора да одиграат поагресивно и напаѓачки за да не дозволат и десетка беа триумф.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.90)

 

1702 Марсеј – Ним (Лига 1, Франција, 17 часот)

Марсеј има само една победа на последните пет меча и го расипа одличниот старт во сезоната, но се уште може да конкурира за место во Лигата на шампионите.

На култниот „Велодром“ имаше многу потреси во последните неколку сезони. Резултатите и пласманот на Олимпик не беа на ниво на реномето на клубот, но сега клубот има шанса да бие битка за горниот дом и за позиции што водат во еврокуповите.

Сезонава има причини за оптимизам, особено ако денеска се победи најслабиот тим во Лига 1. Марсеј игра одлично на домашен терен и има само еден пораз на 8 меча.

Ним заглави на последното место на табелата со само 12 бода и е во серија од 8 меча без победа. Загубија од Марсеј во декември на домашен терен со 0:2, па и сега се апсолутни аутсајдери против истиот ривал.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.67)

 

1004 Фулам – Челзи (Премиерлига, Англија, 18.30 часот)

Фулам одигра одличен меч во лондонското дерби против Тотенхем и според играта во второто полувреме беше дури и поблиску до победа од фаворитот.

Сега им следи уште едно градско дерби со ривал што не го победиле од 2006 година. Челзи има импресивна серија од 19 меча без пораз од Фулам во сите конкуренции.

Тоа е една од најдолгите серии на успеси во Топ-5 лигите во Европа. Последните пет меѓусебни натпревари на овие ривали завршија со победи на Челзи, а гол-разликата е 12:2.

И сега јасно е дека гостите се фаворити. Имаат дрим-тим од кој многу се очекува, но засега резултатите не се на нивото на квалитетот, па денеска победата е императив за избраниците на Франк Лампард.

Предлог тип: 2 (1.55)

 

1807 Штутгарт – Борусија Менхенгладбах (Бундеслига, Германија, 18.30 часот)

Штутгарт игра одлично во германското првенство, го има четвртиот најдобар напад во Лигата, а со офанзивниот стил на игра плени во силната Бундеслига.

Особено пријатно изненадување е напаѓачот Силас Вамангитука со 8 гола на петтото место на листата со најдобри стрелци во Бундеслигата.

На спротивната страна блеска Ларс Штиндл со ист учинок од 8 гола, па отсуството на Плеа и на Турам во нападот на Борусија воопшто не се чувствува.

Проблем за гостите е што се повреди и Емболо, па можно е и тој да не игра. Сепак стилот на игра на Борусија е исклучително напаѓачки, гостите нема да отстапат од таа тактика и принцип на игра ниту на „Мерцедес бенц“ арена, а и Штутгарт сезонава е расположен за офанзива и за игра на гол повеќе, па се очекува ефикасен меч.

На последните 7 меѓусебни дуели една од екипите не успеваше да постигне гол. Време е серијата да се прекине со голови на двете страни веќе во првото полувреме.

Предлог тип: ГГ1 (3.70)

 

9131 Мароко – Португалија (Ракомет, СП Египет, 18 часот)

Португалија е новиот ракометен хит во Европа, а големиот подем оваа репрезентација го потврди и со стартна победа против Исланд на Мундијалот во Египет.

За неколку години Португалците создадоа многу солидна репрезентација, која е тврд орев за сите противници, а и клубовите многу брзо им израснаа во стандардни учесници во еврокуповите.

Мароко претрпе несреќен пораз во дербито на Магреб од Алжир, иако водеа во текот на целиот меч и имаа предност до 57. минута.

Мароканците изненадија со квалитетот што го прикажаа во премиерниот меч за нив на Мундијалот во Египет и можат да им направат многу проблеми на Португалците, иако се аутсајдери.

Двете репрезентации имаат одиграно само еден меѓусебен меч на големите натпреварувања. Португалците победија со 30:26 пред точно 20 години на Светското првенство во Франција во 2001 година.

Хендикепот од 9.5 голови разлика според нас е превисок и очекуваме Мароко да го „покрие“ и да не загуби со 10, или повеќе голови разлика.

Предлог тип: 1 со хендикеп 9.5 гола (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести