Гори Истанбул, Фенербахче ја користи „Озил-манијата“ за да го стаса Бешикташ на врвот

1959 Фенербахче – Анкарагучу (Суперлига, Турција, 17 часот)

Во таборот на Фенербахче атмосферата е одлична и денеска е во знакот на пристигнувањето на големата ѕвезда Месут Озил, кој ќе игра за турскиот гигант.

Со победа Фенер може пак да се израмни со Бешикташ на врвот на табелата и е голем фаворит против 19-пласираната екипа на Анкарагучу.

Тимот од Анкара лани не испадна благодарение само на пандемијата со корона-вирус и одлуката на турската федерација да нема испаѓање.

Во тој циклус го победија Фенер на домашен терен со 2:1 и беа индиректни виновници за неучеството на најтрофејниот турски клуб во еврокуповите.

Сега ќе следи реванш на екипата со дури 28 шампионски круни, која последен пат се радувала на пехарот пред 7 години, а сега има шанса повторно да биде првак.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.54)

 

1587 Докса – АЕК Ларнака (Прва лига, Кипар, 18 часот)

Македонското дерби на Кипар ќе биде интересно, а Иван Тричковски и Стефан Спировски, кои се членови на АЕК ќе се обидат да бидат подобри од Душко Трајчевски и голманот на Докса, Дамјан Шишковски.

АЕК го смени тренерот, пристигна кипранецот Софронис Августи, па Даниел Мојсов најави заминување, а мала минутажа имаат и Тричковски и Спировски.

Сепак и во таква ситуација, кога клубот е во криза и нема победа на четири меча по ред, сепак е фаворит против Докса.

АЕК има импресивна серија од 17 меѓусебни дуели без пораз против денешниот ривал и ја победуваше Докса на последните 8 меча по ред.

Докса дава и прима доста голови, слична е приказната и со АЕК што е најава за ефикасен меч на „Макарио“ стадинот во Никозија со мала предност за АЕК, најмногу поради традицијата.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.18)

 

3008 Калјари – Милан (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Милан има многу проблеми со повреди на играчите, но еланот што го имаат сезонава ќе го засили кам-бекот на Златан Ибрахимовиќ.

Популарниот Ибракадабра се врати на терен по речиси двомесечна пауза и играше на двата меча против Торино. Тоа ќе биде голем потстрек за Росонерите, на кои ќе им фалат дури 7 играчи.

Чалханоглу, Ернандес, Габија, Круниќ, Леао, Ребиќ и Бенасер од различни причини нема да играат против Калјари. За домаќините хендикеп е отсуството на Нандес, кој има црвен картон и ќе мора да паузира.

Милан лесно излегува на крај со Калјари во последно време и има пет победи и едно реми на последните шест меча. Во ваква ситуација со 7 отсутни играчи во некои поинакви услови и со публика на трибините на жешката „Сардења“ арена во Сардинија веројатно за Милан ќе беше исклучително тешко гостување, но без поддршка од навивачите Калјари е скромен домаќин со само две победи на 8 меча.

Предлог тип: 2 (1.67)

 

1102 Арсенал – Њукасл (Премиерлига, Англија, 21 часот)

Последните четири премиерлигашки дуели со Њукасл ги доби Арсенал, а три од нив ги реши со голови во второто полувреме.

Можно е и сега одлуката да „падне“ во второто полувреме, што е посилна страна на Топчиите, а и Њукасл важи за тим што инсистира на дефанзива.

Тој стил на игра на Стив Брус воопшто не им се допаѓа на навивачите на „црно-белите“, но тактиката нема да се менува, особено не против Арсенал кој е фаворит.

Двете екипи играа меч од ФА купот пред десеттина дена и Арсенал победи со голови во „третото полувреме“, односно во продолженијата.

Домаќините се и во подобра форма, имаат серија од пет меча без пораз, за разлика од Њукасл, тим што не победил во Новата година и има низа од 8 натпревари без триумф.

Предлог тип: Х-1 (4.15)

 

3020 СПАЛ – Реџана (Серија Б, Италија)

Локалното дерби на областа Емилија Ромања носи многу страст и интересен ривалитет меѓу СПАЛ и Реџана. Домаќините се во поход кон посакуваниот кам-бек во Серија А, откако лани испаднаа како последнопласирана екипа.

Реџана преживува тешки моменти во новиот милениум, мораше и да го смени името, откако во последнат деценија од минатиот век имаше неколку настапи во Серија А.

Сега се борат за опстанок и се аутсајдери денеска на „Паоло Маца“ во Ферара, кај кандидатот за горниот дом, екипата на СПАЛ.

Домашниот тим е екстра-мотивиран по подвигот во Копа Италија и победата против Сасуоло на гости со 2:0, па ќе се обиде да ја искористи позитивната клима и да го победи големиот ривал.

Реџана има послаб тим од СПАЛ, но ова е дерби со многу страст и голем ривалитет што се враќа на сцената по шест години.

СПАЛ е фаворит и ќе победи, но типуваме дека нема да им биде лесно, па предлог тип за дербито е Х-1.

Предлог тип: Х-1 (3.95)

 

 

- Оглас -

Најнови вести