Осасуна има опасен комплекс од Валенсија, и денеска ќе загуби на „Месталја“

1307 Валенсија – Осасуна (Ла Лига, Шпанија, 19 часот)

И двете екипи не играат добро сезонава, но во последно време Валенсија е за нијанса во подобра форма и со подобри резултати.

Популарните Лилјаци имаа вистинска распродажба на играчи во летниот преоден рок за да ја санираат лошата финансиска ситуација, па тоа се одрази на квалитетот на тимот и на резултатите.

Осасуна е во невидена криза и веројатно и не паметат кога имале 12 меча без победа во Ла Лига. По 18 одиграни натпревари, екипата од Памплона е претпоследна и ја чека тешка битка за опстанок.

Треба да се напомене дека Осасуна има и 12 неуспешни гостувања по ред на „Месталја“ и ја нема победено Валенсија на гости од 25 јануари 2004 година, или цели 17 години.

Ова е голема шанса за Валенсија да ја искористи кризата на ривалот и да тргне кон безбедната зона во средината на табелата.

Предлог тип: 1 (2.16)

 

1005 Ливерпул – Барнли (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Барнли беше главниот виновник што лани Ливерпул не ја мина границата од 100 бода во Премиер лигата. Во 35-тото коло, кога веќе беше јасно дека Ливерпул ќе биде шампион на Англија, како гости играчите на Барнли го изненадија фаворитот со реми 1:1, па Црвените од „Енфилд роуд“ останаа на 99 бода.

Со ремито Барнли ја прекина серијата од четири порази по ред во меѓусебните натпревари со актуелниот првак на Англија.

Вечерва Ливерпул е во ситуација да ја стопира за нив веќе и загрижувачката низа од четири дуели без победа во Премиер лигата. Ако сакаат да ја одбранат титулата, ќе мора да победуваат во вакви мечеви за да држат чекор со ривалите Манчестер јунајтед и Сити, Лестер, Тотенхем, па и Евертон и Челзи.

Очекуваме офанзива на Ливерпул од самиот старт на мечот и најмалку по еден гол во мрежата на Поуп и во првото и во второто полувреме.

Предлог тип: Т1 1+I&1+II (1.76)

 

2842 ВВВ Венло – Го Ахед Иглс (Куп, Холандија, 21 часот)

Ова е прв дуел меѓу двете екипи по пет години пауза, но во минатото имаат долга традиција на меѓусебни мечеви во Првата или Втората холандска лига.

Вечерва прволигашот Венло ќе ја има улогата на фаворит против Го Ахед Иглс, членот на популарната Ерсте Дивизија, или Втора холандска лига.

Венло има интересна низа по неверојатниот дебакл со 0:13 против Ајакс во ноември лани и оттогаш одигра 13 мечеви, од кои на 12 и тие и противникот постигнуваа барем по еден гол.

Тоа ги доведе да бидат екипата со најмногу примени голови во Ере Дивизија со 45 гола, но тие се и убедливо најефикасната екипа од последнопласираните девет екипи во насјилната лига на Холандија.

Во купот на Холандија вообичаено има многу голови, па очекуваме дека и вечерва во Венло ќе ги има и во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.51)

 

3650 Лацио – Парма (Куп, Италија, 21.15 часот)

Лацио ја победи Парма пред десетина дена како гостин со 2:0 во меч од Серија А, па и денеска е голем фаворит за нов триумф, сега во меч од Италијанскиот куп.

Лацијалите во последно време и буквално ја газат Парма и имаат 9 победи по ред во меѓусебните дуели, а на 12 во низа се непоразени на мечевите со денешниот ривал.

Во куп-натпреварите честопати има изненадувања, но тоа нема да му се случи на Лацио вечерва на „Олимпико“. Парма има поголеми грижи од настапот во Копа Италија бидејќи е во мошне незавидна позиција во Серија А.

Со девет меча без победа, во Калчото паднаа на претпоследната позиција, па се очекува новиот тренер на Парма, Роберто Д`Аверса, да изведе комбиниран тим и да ги чува силите за мечот со Сампдорија што ќе го играат за три дена во Серија А.

Предлог тип: 1 (1.45)

 

1308 Еибар – Атлетико Мадрид (Ла Лига, Шпанија, 21.30 часот)

Точно пред една година со победа од 2:0 Еибар прекина една неверојатна серија од 18 меча без триумф во мечеви од Ла Лига против Атлетико Мадрид.

Јорганџиите апсолутно доминираат во дуелите со симпатичниот клуб од Баскија и пред ланскиот неуспех во јануари беа непоразени во дуелите со Еибар од април 2001 година.

Сега се и лидери на табелата во Ла Лига со четири бода повеќе од Реал Мадрид и 7 од Барселона, но и со два меча помалку, па имаат шанса со нови победи да направат и двоцифрена разлика пред конкурентите за титулата.

На гостите ќе им недостасуваат Коке, Трипие и Хермосо, Муса Дембеле не е подготвен за деби откако пристигна од Лион, но Чоло Симеоне има голем избор на играчи и може да состави тим за победа.

Еибар игра убав фудбал, знае да изненади, но е послаб од Атлетико барем за една класа, па ќе типуваме дека гостите ќе победат во нивниот препознатлив стил, со голови во второто полувреме.

Предлог тип: Х-2 (3.90)

 

- Оглас -

Најнови вести