Вегас ќе приреди нова журка на мраз против кротките Којоти

8572 Гордон Хејворд (НБА, Шарлот хорнетс – Чикаго булс, 01 часот)

Гордон Хејворд е одлично засилување за Шарлот хорнетс и моментно најдобар стрелец во екипата. Со просек од 22.2 поени е во топ-25 најдобри кошгетери во најсилната лига на светот.

Имаше голем пех пред 4 години кога се повреди на дебито за Бостн селтикс и паузираше цела сезона. Сепак 30-годишното крило успеа да се рехабилитира пред се психолошки од хорор повредата и пак игра на врвно ниво.

Ова ќе му биде прв меч против популарните Бикови како кошаркар на Шарлот, но против Хорнетс има одиграно доста натпревари како играч на Бостон и Јута.

Чикаго игра ран-енд ган кошарка што потполно му одговара на Хејворд, кој е еден од најдобрите шутери во НБА лигата. Има мека рака, одлична техника и очекуваме да ја мине границата од 19 поени.

Предлог тип: >19.5 поени (1.87)

 

8579 Зак Лавињ (НБА, Шарлот хорнетс – Чикаго булс, 01 часот)

Бекот на Чикаго булс игра импресивно во новата сезона и со просек од 27.4 поени е петти најдобар стрелец во НБА лигата.

На последните шест меча на Биковите, само еднаш не успеа да ја мина границата од 30 поени. Се останато беше кошаркарска поезија од еден од најатрактивните кошаркари во најсилната лига на светот.

На Хјустон пред три ноќи му даде 33 поени, претходно го наполни кошот и на Оклахома со учинок од 35 поени, шоуто со Лос Анџелес клиперс го зачини со 45 поени, на Лејкерс им даде 38 поени, а на Сакраменто 32 коша.

Тоа само потврдува во каква форма е Лавињ, а еден од најскочните играчи во НБА лигата може повторно и ноќеска да оди над 30-ка, па ќе типуваме на плус поени.

Предлог тип: >25.5 поени (1.87) 

 

8181 Џерами Грант (НБА, Детроит пистонс -Хјустон рокитс, 01 часот)

Крилото на Детроит е можеби и најголемото изненадување во стартниот циклус на новата НБА сезона. Грент го дуплираше просекот на поени, откако си замина до Денвер нагетс и му се приклучи на тимот од Мотор-сити.

Лани за Денвер постигнуваше во просек по 11.6 поени, најмногу во кариерата имаше како кошаркар на Оклахома, 13.6 поени, а сега е на котата од неверојатни 25.4 поени и е 12-ти кошгетер во НБА лигата.

Игра блескаво, веројатно никој и не очекуваше толку брзо и така добро да се прилагоди во новиот клуб, па дури ја засени и мега-ѕвездата Блејк Грифин.

Хјустон ноќеска ќе игра без неколку стандардни играчи, ќе ги нема Вуд, Вол, Хаус и Ексум, кој неодамна пристигна кај Ракетите, па патот за Грант е отворен за нова блескава партија баскет.

Типуваме дека и против Хјустон, Грант ќе биде на стандардното ниво од оваа сезона и дека ќе ја мине границата од 22 поени.

Предлог тип: >22.5 поени (1.85)

 

8634 Џоел Ембид (НБА, Филаделфија 76 – Бостон селтикс, 01 часот)

Ембид одигра моќно против Бостон пред две ноќи и буквално ги растури Селтикс со 42 поени и 10 скока. Кога е фит, Ембид е еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата и секако во топ-5 центри.

Моментно е деветти најдобар стрелец во лигата со просек од 26.4 поени. Границата во Sport Life за новиот дуел против Бостон за Џоел е тука некаде, околу просекот.

Ова ќе биде дуел на двете најдобропласирани екипи во Источната конференција, а очекуваме нова добра партија на Ембид и учинок над 26 поени.

Предлог тип: >26.5 поени (1.87)

 

8457 Аризона којотс – Вегас Голден најтс (НХЛ, 03 часот)

Марк Стоун повторно игра брилијантно, откако лани со 80 поени беше еден од најдобрите хокеари во НХЛ лигата. Напаѓачот од првата постава на Вегас веќе има 7 поени и е дел од водечката седморка хокеари со најмногу поени на стартот од сезоната.

Вегас има одличен тим и веќе двапати сезонава ја победи убедливо Аризона со 4:2 и 5:2. Имаат и серија од пет победи против Којотите во меѓусебните дуели и се очекува нов триумф на моментно најдобрата екипа во Лигата и секако во Западната конференција.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

 

- Оглас -

Најнови вести