Стојков со поддршка за Пандев: Џенова ќе го победи Калјари

3004 Милан – Аталанта (Сабота, 18 часот)

Милан покажа карактер во досегашниот дел од сезоната и заслужено е лидер во Италија. Играа одлично и без Ибрахимовиќ, а и сега кога им недостасуваат неколку првотимци, што покажува дека се одлучни во намерата да се борат за Скудетото.

Аталанта ги собира симпатиите на неутралните фудбалски вљубеници со напаѓачкиот стил на игра и ќе бидат опасен противник и за Милан.

На последните меѓусебни дуели имаше доста голови, а и сега очекувам ефикасен меч и да се тресат и двете мрежи.

Предлог тип: ГГ4+ (2.50)

 

3005 Удинезе – Интер (Сабота, 18 часот)

Победата против шампионот Јувентус со убедлив настап само ќе ја крене самодовербата во таборот на Интер. Кога ќе се добие таков дерби меч тоа значи дополнителен елан, а Интер има квалитетен тим и за највисоки дострели во Италија.

Против Удинезе играат одлично во последно време и немаат пораз од 2017 година, а на последните две гостувања и победија убедливо.

Удинезе игра лошо на „Дачија“ арена сезонава и има само две победи и пет порази, ситуација што Интер може да ја искористи.

Лаутаро Мартинес и Ромелу Лукаку се најдобриот тандем стрелци во Серија А и не верувам дека одбраната на Удинезе ќе има сили да ги сопре.

Предлог тип: 2&2-5 (2.15)

 

3007 Јувентус – Болоња (Недела, 12.30 часот)

Јувентус ја смири ситуацијата со триумф против Наполи во Суперкупот на Италија, но со 10 бода помалку од Милан и начинот на кој игра веќе не е прв фаворит за Скудетото.

Старата дама не игра во препознатливиот стил со кој освои 9 титули по ред, а поразот од Интер во кој беа апсолутно надиграни го потврдува тоа.

Во незгоден момент кога играше во топ-форма им се повреди Дибала, што е хендикеп кој јасно се гледа на теренот. Сепак против Болоња се апсолутни фаворити, имаат серија од 9 победи по ред против избраниците на Синиша Михајловиќ и очекувам и десетка со предност и на полувремето и со позитивен исход и на крајот од мечот.

Предлог тип: 1-1&2-5 (2.85)

 

3009 Џенова -Калјари (Недела, 15 часот)

Големо охрабрување за Џенова е ремито во Бергамо со Аталанта и сега можат да одат и на победа против неуверливиот Калјари.

Гостите се во црна серија од 11 меча без триумф и ги загубија последните пет дуели што е знак дека се во многу лоша форма.

Калјари има солиден тим, но џабе е квалитетот, ако нема резултати, што кај нив е случај во последните два месеци. Џенова стандардно добро игра против тимот од Сардинија и на мечевите во последните пет години на свој терен има четири победи и едно реми.

Очекувам Горан Пандев повторно да даде значаен придонес и Џенова да ги освои бодовите во исклучително значаен меч за двете екипи.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (2.85)

 

3651 Лацио – Сасуоло (Недела, 18 часот)

Двете екипи имаат квалитет да се изборат за настап во Европа, а бодовите во вакви дуели значат многу во исполнување на целта.

Лацио е во подобра форма и со серија од пет меча без пораз ќе тргне во мини-дербито на 19. коло во Серија А.

Чиро Имобиле ќе го предводи нападот на Лацио, а еден од најдобрите стрелци во Европа често ја тресеше мрежата на Сасуоло во минатите години.

Очекувам повторно да биде расположен за гол(ови) против екипа што е многу незгодна и игра добро. Сасуоло малку попушти во последно време и има два кикса по ред, со елиминација од СПАЛ во купот и реми со Парма во Серија А.

Долг период играат добро и имаат многу интересен тим со играчи што се привлечни и за големите клубови. Берарди, Локатели, Дефрел, Капуто, Ѓуричиќ… се одлични фудбалери и посебно мотивирани во вакви дерби дуели.

И двете екипи играат офанзивен фудбал, имаат одлични напаѓачи и очекувам меч богат со голови.

Предлог тип: ГГ&4+ (2.80)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести