Рома и Специја ќе излезат на бис по лудиот меч пред четири дена

3003 Рома – Специја (Серија А, Италија, 15 часот)

Волчицата ќе сака да се реваншира за неочекуваната елиминација од Специја во вторникот во меч од Копа Италија. Бурно беше на „Олимпико“ и Рома загуби по две продолженија со 2:4 од аутсајдерот, а и да не загубеше на терен ќе загубеше со службен резултат, поради нов голем кикс.

Тренерот Фонсека внесе и шестти играч од клупата, иако се дозволени само пет замени, па Рома и загуби и се посрамоти.

Сега имаат шанса да се рехабилитираат против истиот ривал, само четири дена подоцна. Единицата би била добар избор, во некоја поинаква ситуација, но денеска Рома ќе има и доста отсутни играчи.

Мхитаријан, Заноло, Педро, Манчини, Сантон, Миранте и Калафјори нема да играат, и Џеко нема да настапи, па јасно дека Рома ќе биде хендикпирана без 5-6 стандардни првотимци.

И Специја има доста проблеми, но покажа дека е храбра екипа, која не се плаши ниту од гигантите во Италија и е многу симпатичен тим. Ќе им недостасува опасниот Нзола во нападот, но се врати Галабинов, па очекуваме нов ефикасен меч меѓу Рома и Специја на Олимпико во Рим.

Предлог тип: 4+ (2.30)

 

1806 Мајнц – Лајпциг (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

Мајнц е без победа на последните 10 натпревари и се наоѓа во исклучително тешка ситуација, а на гости им доаѓа ривал што редовно во последно време им ја полни мрежата.

Лајпциг е втор на табелата во Бундеслигата ќе се трка со Баерн и со уште 4-5 екипи за титулата во Германија. Популарните Бикови играат особено добро против Мајнц.

На последните пет дуели, четирипати го победуваа Мајнц и му дадоа вкупно дури 23 гола, или безмалку 5 во просек. Пред две години и буквално го демолираа денешниот ривал со 8:0, потоа и со 5:0, а и сега според формата и квалитетот не е далеку нов тежок пораз на Мајнц.

Домаќините ја имаат и втората најслаба одбрана во Бундеслигата со 36 примени голови на 17 натпревари и се чини дека се „печени“ за нов убедлив пораз.

Предлог тип: 2&T2 3+ (2.65)

 

1303 Севилја – Кадис (Ла Лига, Шпанија, 16.15 часот)

Кадис е големо изненадување во Ла Лига, откако по 14 сезони се врати во прволигашкото друштво. Сезонава ги победија и Барселона и Реал Мадрид, што е подвиг и за многу пореномирани екипи.

Кадис е на одличното деветто место со 24 бода и е тврд орев, наспроти очекувањата дека ќе се бори за опстанок. Сепак играта на Свилја не им лежи и имаат 7 меѓусебни дуели по ред без победа, а последните шест од нив се порази.

За денешното гостување на „Санчес Писхуан“ имаат и неколку повредени играчи што се значајни за Кадис, па Севилја има шанса да ја продолжи успешната серија. Типуваме дека бодовите ќе останат во Севилја.

Предлог тип: 1 (1.52)

 

3004 Милан – Аталанта (Серија А, Италија, 18 часот)

Милан гази одлично во Серија А, но сега има опасен противник и стари проблеми. Во секој ред од формацијата на домаќините ќе им фали барем еден добар играч, а отсутни ќе бидат Ромањоли, Чалханоглу, Салемакерс, Габија и Бенасер.

Добро за Милан е што Ибрахимовиќ веќе одигра неколку натпревари, откако паузираше и неговото присуство многу и значи на екипата, која конечно е кадарна да атакува на Скудетото.

Аталанта е многу незгодна екипа која не е поразена на 12 натпревари по ред во сите конкуренции. Бергамашите се хит во последните неколку сезони, играат ефикасен и атрактивен фудбал, секогаш се подготвени да одиграат на гол повеќе и нема да отстапат од тактиката ниту на „Сан Сиро“.

Овој меч е исклучително значаен за двете екипи. Милан со победа, или реми би останал лидер во Калочото, а Аталанта веројатно и мора да оди на победа, ако сака сонот за титулата да стане малку пореален.

Во таква ситуација очекуваме голови од двете екипи и ќе типуваме дека ќе ги има доста и во првото и во второто полувреме.

Предлог тип: 2-3I&2-3II (5.60)

 

1001 Астон Вила – Њукасл (Англија, Премиерлига, 21 часот)

Астон Вила ги прегрме четирите исклучително тешки натпревари против Челзи, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Манчестер сити на кои освои само еден бод, па сега е време за победа со релативно полесен противник.

Њукасл има црна серија од 9 меча без победа и многу проблеми. Прво беа од здравствени причини и корона-вирус, а сега е незадоволството од начинот на кој играат „црно-белите“.

Стив Брус не е омилен кај навивачите на Њукасл и му забележуваат дека стилот на игра му е кукавички и не е својствен за клуб од педигрето на четирикратен англиски шампион.

Вила има четири меча по ред на кои не загубила од Њукасл во Премиерлигата, а типуваме дека ќе има и петти, овојпат со победа.

Предлог тип: 1 (1,54)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести