За Лавовите од Лисабон гостувањата во Порто се песна

1001 Кристал палас – Вест хем (Премиер лига, Англија, 19 часот)

Опасен залет фати Вест хем, тим што има пет победи по ред во сите натпреварувања во Англија и дури 7 меча се без пораз.

Чеканите имаат многу солиден состав и ако продолжат да играат на сегашното ниво, може да приредат подвиг и да се изборат за настап во еврокуповите.

Дефанзивата им е цврста, примија само еден гол на последните шест натпревари, а имаат квалитетни решенија и во средниот ред со Соучек, Рајс, Форналс, Ланзини… и во нападот, каде што одлично играат и погодуваат Антонио и Боувен. Дејвид Мојс може да биде задоволен од резултатите, добро е за Вест хем што има и квалитетни резерви, па 32 бода што ги освоија за шесто место на табелата не се случајност.

Кристал Палас има доста проблеми со повреди, најавено е дека нема да играат стандардните Заха и Шлуп, што им дава предност на гостите во малото лондонско дерби. На последните 7 меѓусебни натпревари и двете екипи даваа најмалку по еден гол, типуваме дека ќе биде така и денеска на „Селхрст парк“ и дека Вест хем нема да загуби.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.55)

 

1002 Њукасл – Лидс (Премиер лига, Англија, 19 часот)

Четирикратниот англиски првак Њукасл е во хаос и со серија од 10 меча без пораз во сите конкуренции, па ако и вечерва не победи, Стив Брус веројатно ќе добие отказ.

Во тој серијал неуспеси на Чавките е и дебаклот од Лидс со 5:2 на гостински терен и од тој меч игран во декември, колата тргна надолу за Њукасл.

На денешните домаќини не им се оствари и најавеното преземање на клубот од саудискиот шеик Мохамед бин Салман, што беше голем удар за клубот.

Кризата е очигледна, играчите на Њукасл немаат постигнато гол над 360 минути, или само еден на последните 8 меча, што Лидс може да го искористи и да победи на „Сент Џејмс парк“, иако и тие се со пад на формата и без погодок на последните три меча.

Предлог тип: Х2&2>1 (2.75)

 

1003 Саутхемптон – Арсенал (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Саутхемптон го победи Арсенал пред три дена со 1:0 во меч од ФА купот, но сега приказната ќе биде поинаква. Топчиите играат со комбиниран тим и го претрепа првиот пораз во 2021 година.

Проблем за гостите е неизвесниот настап на капитенот Пјер-Емерик Обамејанг, а можно е да не игра и Себалјос. Кај Саутхемптон листата со отсутни играчи е малку подолга, па Џенепо, Редмонд, Ромеу, Вестерград и уште неколку фудбалери веројатно нема да играат против Арсенал.

Победа денеска ќе значи исчекор за Саутхемптон или Арсенал кон позициите што водат во Европа, но и реми нема да биде неуспех за двете екипи.

Предлог тип: Х (3.40)

 

1004 ВБА – Манчестер сити (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Лани со реми 1:1 на „Етихад“ во Манчестер, Вест Бромвич албион успеа да прекине неверојатна серија од 14 победи на Сити во меѓусебните дуели.

Но, гостите имаат скриен адут, а серијата без пораз во дуелите со ВБА сè уште им трае и брои 18 натпревари. Последен пат популарните Багис го победија Сити во 2010 година, и тоа во меч од Лига купот, па во Премиер лигата се без триумф против денешниот ривал од 2008 година, или цели 13 години.

За Сити голем проблем ќе биде повредата и отсуството на најдобриот играч во Премиер лигата, Кевин де Бројне, Агуеро и Аке се одамна надвор од редовите, а можно е да не игра и бекот Вокер.

Сепак, Пеп Гвардиола има барем два екстра-квалитетни тима и многу играчи на располагање, па се очекува нова победа на фаворитот за титулата во Англија.

ВБА може да постигне барем еден гол, но ќе загуби од Сити.

Предлог тип: 2&ГГ (3.20)

 

1537 Боависта – Спортинг (Португалија, Примеира, 22.15 часот)

За клубовите од Лисабон, Спортинг и Бенфика, гостувањата во Порто секогаш се специфични поради ривалитетот на двата града, без разлика дали се работи за Порто или за Боависта.

Тоа, сепак, не важи кога станува збор за дуелите меѓу Лавовите од Лисабон и Боависта, а билансот на Спортинг е фантастичен. Немаат пораз од денешниот ривал на последните 15 натпревари, што е една од најдолгите активни серии на лидерот во португалаското првенство.

Спортинг игра како прероден под команда на Рубен Аморим и долго е на врвот на табелата сезонава во Примеира. Ако победат и денеска, драстично ќе им пораснат шансите за 19-тата титула, прва по цели 19 години.

Боависта е во голема криза, се наоѓа на последното место и има црна серија од 10 меча без победа во португалското првенство.

Предлог тип: 2 (1.58)

 

- Оглас -

Најнови вести