Стојков очекува фајтерски фудбал за крај на јануари и победи на фаворитите

3002 Болоња – Милан (Сабота, 15 часот)

Милан има шанса, но и императив со победа да го прекине мини-циклусот од два порази по ред. Гостите ќе мораат да се снајдат без Златан Ибрахимовиќ, но и без него, кога беше повреден играа добро и победуваа.

Болоња има голем проблем во дефанзивата и примаат премногу голови, па во тој сегмент се меѓу најлошите екипи во Серија А.

И за домаќините ова е шанса со евентуален триумф да се оддалечат од зоната за испаѓање, но за нив големо прашање е како да се одигра против ривал што го победиле само еднаш на последните 22 меѓусебни дуели во Серија А.

Милан е фаворит, ќе мора да победи ако сака да остане на врвот на табелата, па очекувам двојка со гол(ови) на двете страни.

Предлог тип: 2&ГГ (3.75)

 

3003 Сампдорија – Јувентус (Сабота, 18 часот)

Сампдорија знаеше во последните 4-5 години да го изненади шампионот на Мараси, но сега очекувам победа на шампионот.

Јувентус одигра многу слаб меч против Интер, но потоа и демонстрираше моќ да се врати со три победи по ред без примен гол.

Трката за титулата сезонава ќе биде исклучително неизвесна и фаворитите мораат да победуваат на вакви дуели. Јувентус ми се чини дека ги истроши сите кредити и не смее да си дозволи луксуз да остане без победа на гостувањето во Џенова.

Хендикеп ќе им биде и неиграњето на Кулушевски кој има жолти картони, а одигра одличен меч против СПАЛ и секако веќе стандардното отсуство на Дибала и на Бернардески. И покрај овие проблеми очекувам Јувентус да ја победи Сампдорија, иако домаќините се незгодна екипа.

Предлог тип: Х-2 (4.50)

 

3005 Специја – Удинезе (Недела, 12.30 часот)

Играчите на Специја секако и сите во мојот поранешен клуб вечно ќе ја паметат победата против Удинезе во првото коло со 2:0 во Удине во првиот и историски меч за нив во Серија А.

Специја храбро се бори досега со многу поискусни екипи со поголем рејтинг во дебитантската сезона и играат симпатичен фудбал.

Винченцо Италијано успеа набрзина да создаде екипа за настап во Калчото и за настапите во Коша Италија, а за сите во клубот незаборавни ќе бидат и победите против Наполи и Рома.

Удинезе одигра цврсто во последните две кола против фаворитите Интер и Аталанта и не дозволи да биде поразен, па сега има релативно полесен противник со кого може и да оди на победа.

Очекувам и двете екипи да одат на победа што може да донесе и многу голови на „Алберто Пико“.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.45)

 

3006 Аталанта – Лацио (Недела, 15 часот)

Дуелите меѓу Аталанта и Лацио во последните неколку години се вистинско уживање за љубителите на фудбалот, со многу голови, најчесто и неизвесни со многу драма.

Така беше и пред три дена во нивниот меч од купот на Италија, кога бергамашите славеа со 3:2 и тоа со победнички гол кога имаа еден фудбалер помалку на теренот.

Ми се допаѓа играта на Аталанта, карактерот и секако квалитетот на ростерот што го има на располагање Гасперини. Покажаа дека се големи борци, но и големи фудбалски зналци, па ги собираат симпатиите на многу неутрални љубители на фудбалот со фајтерскиот стил на игра.

И Лацио игра одлично имаат серија од четири победи во првенството, па повторно очекувам фудбалска убавица со многу голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ&4+ (2.50)

 

3009 Наполи – Парма (Недела, 18 часот)

Парма го смени тренерот Фабио Ливерани и го врати Роберто Д`Аверса на клупата, но неуспесите продолжија. Кризата е очигледна, серијата од 11 натпревари без победа е јасен показател, а и без тоа Наполи ќе беше фаворит.

Домаќините го имата третиот најдобар напад според постигнатите голови, заедно со Рома и пред нив се само Аталанта и Интер.

Наполи повторно ќе нападне од самиот старт на мечот, бидејќи триумф против Парма е императив за да останат во трката за Скудетото.

Играчите на Парма постигнаа само 14 гола на 19 натпревари во првенството и тоа е убедливо најлошиот учинок, но ќе мораат да дадат барем еден гол, ако сакаат да останат непоразени на „Диего Армандо Марадона“.

Предлог тип: 1&ГГ (2.95)

 

- Оглас -

Најнови вести