Жолтата подморница ќе плови до реми на „Месталја“

1811 Падерборн – Дармштад (Бундеслига 2, Германија, 18.30 часот)

Падерборн има разочарувачка сезона и тешко ќе го оствари планот да се врати во Бундеслигата, без разлика дали ќе го победи Дармштад, третпат по ред.

Лани испаднаа од најквалитетната германска лига, а сега се поблиску до зоната за испаѓање отколку до посакуваните позиции кои водат во Бундеслигата.

Дармштад е уште полош и има само 3 бода повеќе од екипите што се најзагрозени во битката за опстанок. Ги загубија двата последни меѓусебни дуели со Падерборн убедливо со 2:6 и 0:4, а денеска и тие и домаќините не можат да калкулираат бидејќи бодовите им се исклучително важни.

Предлог тип: 3+ (1.59)

 

1801 Шалке 04 – Мајнц (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)

Шалке веќе смени едно чудо тренери, а сите заедно го предводеа клубот со голема традиција само до 9 бода на 23 натпревари. Последен во низата што доби отказ е Кристијан Грос, кој не успеа да го разбуди седумкратниот германски шампион, кој е најзагрозен и е прв кандидат за испаѓање.

Сега Гркот Димитриос Грамозис ќе има тешка задача да се обиде да направи чудо и во последните 11 кола да го спаси Шалке од испаѓање. Денеска ќе го има дебито на клупата на тимот од Гелзенкирхен, кој мора да победи против претпоследниот Мајнц.

Шалке има огромни проблеми со повреди и против Мајнц нема да играат дури 10-мина фудбалери, дел од нив и стандардни првотимци, што ќе им ја отежни задачата да се забележи втората победа оваа сезона во германското првенство.

Мајнц може да биде задоволен и со реми, Шалке никако и ќе мора да игра офанзивно и на победа за да си ги подобри шансите за опстанок. Во Гелзенкирхен, Мајнц нема победено на девет гостувања по ред во натпревари од Бундеслигата, но денеска ќе типуваме дека ќе постигнат, но и ќе примат гол(ови).

Предлог тип: ГГ (1.73)

 

1011 Хадерсфилд – Кардиф (Чемпионшип, Англија, 20.45 часот)

По катастрофалниот едномесечен период од 19 декември до 20 јануари, кога претрпеа шест порази по ред, играчите на Кардиф се разбудија и газат без пораз на 10 меча по ред.

Седум од нив се победи, што ги доведе Велшаните во солидна позиција да се пласираат во плејофот што ќе се игра во Чемпионшип и ќе му обезбеди место во англиската Премиер лига со последниот билет за елитното друштво.

Избраниците на Мик Мекарти приредија вистинско чудо во минатото, коло кога го победија Дерби каунти со убедливи 4:0, а на мечот имаа само 27 отсто посед на топката. Таква победа со толку мал посед на топка е светско чудо што им успеа на Велшаните, кои се во ритам, со одлична атмосфера во тимот и се фаворити против Хадерсфилд.

Домаќините имаат и многу повредени играчи, па ќе типуваме дека серијата на Кардиф ќе продолжи со нова победа во Чемшпионшип.

Предлог тип: 2 (2.08)

 

1301 Валенсија – Вилјареал (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Локалното дерби секогаш е интересно, а во последните две сезони има посебен шарм, најмногу поради трансферите на Парехо и Коклан од Валенсија во Вилјареал.

Капитенот на Лилјаците, Парехо, по долг период минат во Валенсија одлучи да игра за Вилјареал, тоа го стори и Коклан, а дресот на Валенсија го носеше и Раул Албиол. И тренерот на Жолтата подморница, Унаи Емери, претходно беше на клупата на потрофејниот шпански клуб, што му дава и интензитет на локалното дерби.

Вилјареал бие битка за излез во Европа, но е во лоша форма со 7 меча без победа во Ла Лига, но одлично игра во Лигата на Европа и има шанса за четврртфинале, ако го мине Динамо Киев.

Валенсија е во голема криза, најмногу поради финансиите што доведе до продажба на неколку клучни играчи во двата последни трансфер-периоди. Тоа се одрази и на резултатите на некогашниот двоен европски вицешампион, кој сега бие битка за опстанок во Ла Лига.

Вилјареал ги загуби последните четири меча на „Месталја“, но сега ќе ја нема бучната публика, една од најдобрите во Европа против себе, поради пандемијата со корона-вирус.

Гостите се за нијанса поквалитетни, иако и Валенсија и покрај сите проблеми, нема лош тим, па некако има и баланс за реми во локалното дерби од Ла Лига.

Предлог тип: Х (3.30)

 

1311 Еспањол – Овиедо (Ла Лига 2, Шпанија, 21 часот)

Двете екипи играа меѓу себе, само петпати во овој милениум и Еспањол има подобар биланс со три победи, едно реми и еден пораз. Тимот од Барселона моментно е втор во популарната Сегунда и таа позиција гарантира пласман во Ла Лига.

Еспањол е фаворит, но Овиедо сезонава е многу тврд орев и има најмногу нерешени дуели, 11, зад Фуенлабрада со 14. И двете екипи се во добра форма.

Еспањол е непоразен на последните четири меча, Овиедо има три во низа на кои ривалите во Втората шпанска лига не успеваа да го победат, што е најава за интересен дуел.

Гостите ќе се обидат да не загубат, но ќе типуваме дека можат да издржат само до полувремето.

Предлог тип: Х-1 (3.95)

 

- Оглас -

Најнови вести