Топчиите не го забораваат голот во 120. минута што им ги скрши срцата

1612 Ајакс – Јанг Бојс (Европа Лига, 18.55 часот)

Феноменални се сериите од по 19 натпревари без пораз на двата клуба, кои ќе се обидат да избегнат сопирање на победничките низи на првиот дуел од двомечот, што ќе се игра на „Јохан Кројф“ арена во Амстердам.

Јанг Бојс направи големо изненадување со елиминација на Баер Леверкузен, а веќе има нов голем предизвик, како да се исфрли од игра најтрофејниот холандски клуб.

Јанг Бојс во последните години се навикна на настапи во нокаут фазата во европските купови, а сезонава игра одлично и на Ајакс нема да му биде лесно.

Гостите имаат брзи напаѓачи, ги предводат одличните Жан-Пјер Нсаме и Тајсон Сибачо, со помош на топ-крила од калибарот на Фашнахт и Нгамелу, па знаат да бидат опасни, особено во контранападите.

И двете екипи имаат иста филозофија на игра, да се постигне гол повеќе, па ова може да биде исклучително ефикасен двомеч.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.10) Супер тип на Sport Life

 

6022 Динамо Киев – Вилјареал (Европа Лига, 18.55 часот)

Двете екипи повторно ќе играат меѓусебе во нокаут фаза и во исто натпреварување по 16 години. Во 2005 година во бурен двомеч шпанскиот тим беше поуспешен и со вкупен резултат од 2:0 го елиминира украинскито гигант.

И сега ситуацијата е слична, а Жолтата подморница е голем фаворит за пробив меѓу осумтте најдобри екипи во Европа Лигата. Ла Лига е поквалитетна од украинското првенство, а Вилјареал има подобар тим од Динамо Киев.

Проблем за гостите може да биде отсуството на петмина играчи, но тие се подолг период отсутни. Динамо има убава серија од 11 натпревари без пораз и голем адут на клупата.

Мирчеа Луческу е највозрасниот тренер што води екипа во еврокуповите, а 75-годишниот искусен тренерски волк го познава на прсти европскиот фудбал. Домаќините ќе се обидат да останат непоразени против фаворитот, но ќе типуваме дека ќе загубат во тврд меч.

Предлог тип: 2&0-3 гола (2.75)

 

6023 Манчестер јунајтед – Милан (Европа Лига, 18.55 часот)

Ждрепката беше немилосрдна кон двата гиганти на европскиот фудбал, но на радост на фудбалските симпатизери ќе се игра двомеч во осминафиналето меѓу две екипи што имаат вкупно 10 титули во Лигата на шампионите.

Сега бијат битка за пласман во четвртфиналето,а планот им е да го освојат пехарот во Европа Лигата, што им гарантира настап во следното издание на ЛШ.

Ова е европски фудбалски класик и нов дуел на старите познаници, кои имаат одиграно многу натпреваи меѓусебе на интернационалната сцена.

Поради големите кадровски проблеми на Милан, Црвените Ѓаволи од Манчестер се фаворити, но на вакви натпревари тешко се предвидува конечниот исход.

Интересно е што и двете екипи се второпласирани во своите првенства, а победија минатиот викенд со идентичен резултат од 2:0 на гости. Проблем за Јунајтед е повредата на Рашфорд, а нема да играат и Кавани, Погба, Ван Де Бек и нема да брани Де Хеа.

Милан има посериозни маки и ќе игра на „Олд Трафорд“ без топ-стрелците Ибрахимовиќ, Чалханоглу и Ребиќ. Отсутен ќе биде и Манџукиќ, па нападот на Росонерите е десеткуван.

Мечот е многу значаен за двете екипи, а мала предност имаат домаќините.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.64)

 

6027 Гранада – Молде (Европа Лига, 21 часот)

Двете екипи ги изненадија фаворизираните Наполи, односно Хофенхајм во претходната рунда и сега една од нив ќе патува во четвртфиналето во Европа Лигата.

Гранада и покрај огромните проблеми со многу отсутни играчи го исфрли Наполи од игра, а Молде во возбудлив двомеч го нокаутира фаворитот од Бундеслигата, Хофенхајм.

За шпанскиот тим вечерва нема да настапат дури 11 фудбалери, а уште еден е неизвесен што му задава огромни проблеми на Диего Мартинес, како да состави тим што ќе им се спротивстави на незгодните Норвежани.

Молде лани не успеа да ја одбрани титулата во домашното првенство, во Норвешка се уште не е почнат новиот шампионат, што може да биде хендикеп, бидејќи Гранада е во натпреварувачки ритам.

Предлог тип: 3+ (1.70)

 

6028 Олимпијакос – Арсенал (Европа Лига, 21 часот)

Топчиите се уште ја паметат ланската елиминација од Олимпијакос во првата нокаут фаза од Европа Лигата, кога испаднаа во речиси добитна ситуација и по предноста од 1:0 во Атина.

Во реваншот Грците постигнаа гол во последната 120. минута во продолженијата, а Јусеф Ел Араби го нокаутира Арсенал и Олимпијакос мина понатаму, благодарение на победата од 1:2 во Лондон и поради повеќе постигнати голови на гости при израмнет вкупен резултат од 2:2.

Сега е време за реванш,барем така најавуваат од таборот на англискиот претсавник, кој има подобар тим, но Олимпијакос има израмнет биланс во дуелите со Арсенал и моментно е 5:5 во победи.

Олимпијакос е во мала предност, бидејќи веќе ја обезбеди титулата во грчкото првенство, но ќе типуваме дека Арсенал нема да загуби во меч со малку голови.

Предлог тип: 2&0-4 (2.35)

 

 

- Оглас -

Најнови вести