Играјте на хет-трик плус поени на ист меч и на три големи НБА ѕвезди

8505 Бредли Бил (НБА, Бруклин Нетс – Вашингтон визардс, 00 часот)

Кога играат Бруклин и Вашингтон ниту фантастичната граница од 300 поени не изгледа недостижна. На последниот меѓусебен меч малку фалеше да се пробие и тој ѕид, а мечот заврши со победа на Визардс од 149:146.

Бил и Вестбрук приредија шоу во последните 8 секунди и со по една тројка направија пресврт за победа на Визардс, иако губеа со пет поени разлика во самиот финиш.

Вашингтон изненадувачки води со 2:0 сезонава против еден од главните фаворити за титулата, а ги победија Нетс и на четврти јануари со 123:122.

Бредли Бил е главниот кошгетер на Волшебниците и е најдобар стрелец во НБА лигата со просек од 32.5 поени. Сезонава дури пет пати ја минуваше границата од 40 поени, а беше исклучително ефикасен и во двете победи против Бруклин.

Двете екипи играат исклучително брза кошарка што му одговара на најдбриот стрелец во Лигата и ќе типуваме дека ќе ја мине границата од 33.5 поени.

Предлог тип: Бил >33.5 поени (1.87)

 

8504 Расел Вестбрук (НБА, Бруклин Нетс – Вашингтон визардс, 00 часот)

Вестбрук се разигра во март по периодот на прилагодување што го мина, откако од Хјустон се пресели во Вашингтон. Вкупниот просек на поени на 33 меча во првата сезона што ја игра за Визардс му е 21.8, но во март сето тоа изгледа многу поинаку и многу подобро.

Рас фати залет и на девет дуели месецов има просек од 27,22 поени што е многу над просекот во досегашниот дел од сезоната. Тоа е добро за Вашингтон, бидејќи од него и од учинокот на Бил најмногу зависи и судбината на тимот што има амбиции да игра во плејофот.

Вестбрук постигна 24 поени на првиот меч сезонава против Бруклин,но потоа беше извонреден и со 41 поен ја декласира одбраната на гостите во победата од 149:146.

Типуваме дека и ноќеска ќе биде ефикасен и ќе ја искористи одличната форма за повторно да го наполни кошот на Мрежичките.

Предлог тип: Вестбрук > 25.5 поени (1.87)

 

8501 Кајри Ирвинг (НБА, Бруклин Нетс – Вашингтон визардс, 00 часот)

Кајри е еден од највештите и најдобри бекови во најсилната лига на светот и кога ќе влезе во ритам нема ривал што може да го сопре. Важи за кошаркар со најдобар крос-овер дриблинг во НБА, но и за играч што беше многу критикуван дека нема лидерски предиспозиции.

Сега во отсуство на Кевин Дурант има шанса да ги демантира критичарите, а најмногу на негови плеќи и на грбот на Џејмс Харден, Бруклин треба да го истурка регуларниот дел од сезоната, па потоа да гтргне и во поход на првата титула во клупската историја на Бруклин.

Мрежичките важат за прв фаворит и сега е време за Ирвинг посериозно да исчекори и да покаже дека може да биде лидер на екипа со шампионски амбиции.

Предлог тип: >29.5 поени (1.85)

 

8360 Портланд трејлблејзерс – Далас маверикс (НБА, 03.00 часот)

Од последните 8 меѓусебни дуели меѓу Портланд и Далас на 7 имаше над 227 поени, а интересно е што само на последниот од тој серијал фалеа два поени за комплетен плус.

Двете екипи имаат големи ѕвезди во составот, а ќе биде интересно да се гледаат новите дуели меѓу Лилард и Меколум од Портланд против Дончиќ и Порѕингис, кои се главните ведети на Далас.

Брзата кошарка со многу поени е заштитен знак на двете екипи, нешто што нема да се смени ниту на дербито што ќе се игра ноќеска  во „Мода центарот“ во Портланд.

Предлог тип: > 227,5 поени (1.66)

 

8423 Далас старс – Нешвил предаторс (НХЛ, 01.30 часот)

Ланскиот финалист во НХЛ, Далас старс игра скромно во овој циклус и е на позиција што не води во плејофот. Далас има многу проблеми со повреди на играчите, што веројатно е и главниот фактор за негативниот биланс по 27 одиграни натпревари.

Експертите за НХЛ, сепак се уште веруваат дека популарните Ѕвезди можат да стасаат до плејофот, а добро за Далас е што разликата од шест бода што ја имаат Ликаго и Колмбус е достижна, бидејќи одиграа пет натпревари помалку.

Нешвил има ист број на бодови како и Далас, 27, но со четири меча повеќе, па и Предаторите немаат многу време за да ја подобрат формата и да атакуваат на плејофот.

Сезонава регуларниот дел се игра по скратен систем со само 56 натпревари, што не дава веќе многу простор за киксови. Далас води со 2:1 во меѓусебните дуели против Нешвил, па и тоа може да се брои на крај на регуларниот дел, а има подобар тим и типуваме дека пак ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести