МЗТ Скопје поведе во полуфиналната плејоф серија против Пелистер

МЗТ Скопје направи важен чекор кон пласман во финалето на македонската кошаркарска Суперлига, откако во првиот полуфинален натпревар го совлада Пелистер со 80-75 и поведе со 1-0 во серијата која се игра до две победи.

„Штрковите“ од Аеродром сега се на само еден триумф од ново финале, иако натпреварот не беше воопшто лесен за актуелниот шампион. И покрај подобриот старт, МЗТ во третата четвртина дозволи Пелистер да се врати во игра, да наметне свој ритам и дури да го преземе водството.

Сепак, клучниот момент се случи на почетокот на последната четвртина, кога домаќините направија серија со која повторно ја презедоа контролата и не дозволија изненадување до крајот на мечот.

Кај МЗТ Скопје најрасположен беше Андреј Маслинко со 14 поени, додека Смит-Мекјуен додаде 13 поени и осум скока. На спротивната страна, Пелистер се потпре на одличните партии на Дејвис кој постигна 23 поени и Малешевиќ со 21 поен.

Вториот натпревар од серијата се игра во Битола, каде Пелистер ќе се обиде да ја искористи домашната публика и да израмни на 1-1, со што полуфиналето би влегло во решавачки трет меч.

- Оглас -

Најнови вести