Барди нема дилеми: Ни треба брз гол за да се разбие бункерот на Лихтенштајн

Енис Барди посакува Македонија да постигне брз гол, утре против Лихтенштајн, селекција која е меѓу најслабите во Европа и најчесто игра бункер против поквалитетните селекции.

На првиот квалификациски меч нашите утрешни гости не упатија ниту еден удар кон голот на Ерменија и загубија со 0:1, па и сега се очекува да се бранат.

„Клучот е да сфатиме дека сме фаворити и сакам да почнеме да победуваме во континуитет. Квалитетна репрезентација сме и од нас зависи исходот на мечот против Лихтенштајн. Македонија е учесник на Европско првенство и сега поинаку гледаат на нас. Сакам да постигнеме брз гол за да играме поспокојно во продолжение на мечот со Лихтенштајн. Атмосферата во репрезентацијата е прекрасна и тоа е константа на оваа генерација“, изјави Барди.

Мечот ќе се игра утре од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести