Аталанта има победнички рецепт за Зебрите, Јувентус ќе ги скроти Биковите

3006 Аталанта – Удинезе (Серија А, Италија, 15 часот)

Аталанта го гази Удинезе во последните три сезони и има биланс од 5 победи и едно реми и гол-разлика од 18:5 во успешниот серијал меѓусебни дуели со Зебрите.

И денеска се фаворити, а имаат и императив да победат, ако сакаат да го задржат четвртото место, последно што води во Лигата на шампионите.

Со евентуален кикс на Јувентус можат и да го прескокнат шампионот, а ниту второпласираниот Милан не е далеку и има само четири бода предност.

Проблем за Аталанта е повредата на германскиот репрезентатувец Госенс на мечот со Македонија во Дуизбург и тој веројатно нема да игра, како и Хатебур. Кај Удинезе нема нови повредени играчи, освен Јајало и Пусето, кои паузираат подолг период.

Предност на гостите е што можат да играат релаксирано, бидејќи не можат да испаднат, а и не се кандидати за европски настап.

Илија Несторовски ќе чека шанса од клупата за резерви, а ќе типуваме дека домаќините ќе победат и ќе постигнат најмалку два гола.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.75)

 

1601 Лидс – Шефилд јунајтед (Премиерлига, Англија 16 часот)

Лидс го победи Шефилд јунајтед во Дербито на Јоркшир како гостин со 1:0 во првиот дел од сезоната и тоа им беше првиот меѓусебен меч на големите ривали во Премиерлигата по пауза од 26 години.

Штета што ќе нема публика на „Еланд роуд“, бидејќи ривалитетот е голем, а и амбиентот кога играат овие две екипи е посебен.

Ако победи Лидс и дефинитивно ќе ги прегрми грижите за опстанок, иако и вака е речиси сигурен со 13 бода повеќе од Фулам на девет кола до крајот на шампионатот.

Домаќините имаат подобра екипа, играат многу солидна сезона во Премиерлигата, прва по 16 години пауза и се фаворити за победа против фенерџијата.

Шефилд нема веќе што да калкулира, ова е последна шанса да продолжат да се надеваат во чудо и опстанок, иако реално веќе треба да се подготвуваат за преселба во Чемпионшип.

Предлог тип: 3+ (1.97) Супер тип на Sport Life

 

1303 Реал Мадрид – Еибар (Ла Лига, Шпанија, 16.15 часот)

Еибар не победил никого во Ла Лига во последните 11 кола и црната серија  од 7 порази и четири нерешени дуели ги донесе во опасната зона за опстанок, на претпоследното место.

За нив Реал Мадрид е исклучително незгоден ривал што никогаш не го победиле на гости и имаат биланс од шест порази и само едно реми кога доаѓале во главниот град на мегдан на кралскиот клуб.

Реал е во страшен налет со 10 меча без пораз во сите конкуренции, се уште има шанси и за титулата и ќе тргне офанзивно за да ја искористи лошата форма на гостите.

Победата на домаќините не би требало да биде доведена во прашање, а ќе типуваме дека ќе има најмалку по еден гол во првото и во второто полувреме.

Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.40)

 

3009 Торино – Јувентус (Серија А, Италија, 18 часот)

Јувентус има многу проблеми сезонава и првакот на Италија воопшто не личи на шампионска екипа. Торино е уште полош и бие битка за опстанок што ветува жесток меч во популарното „Дерби Дела Моле“.

Јувентус ќе игра без суспендираните журкаџии Мекени, Артур и Дибала, а отсутни ќе бидат и Алекс Сандро, Бонучи, Демирал и Буфон.

И Торино има проблеми, ќе мора да му излезе на мегдан на најтрофејниот клуб и најголем ривал без голманот Милинковиќ-Савиќ и без Лијанко и Н`Кулу.

Биковите немаат победа од 2015 против Јувентус, или на последните 13 натпревари, а типуваме дека Старата дама и покрај сите проблеми ќе ја продолжи успешната серија против 7-кратниот првак на Италија.

Предлог тип: 2 (1.58)

 

1703 Ленс – Лион (Лига 1, Франција, 21 часот)

Ленс и Лион се меѓу најефикасните екипи во Франција и во мини-дербито на 31. коло може да се очекуваат голови. Лион мора да победи ако сака да остане во трката за титулата со ПСЖ, Лил и Монако, а Ленс бара излез во Европа.

Домаќините се распукаа со голови во последните два месеци и на 7 од последните 8 натпревари што ги одиграа постигнуваа најмалку по два гола.

Лион го има најопасното и најефикасно трио во Лигата, составено од Депај, Екамби и Кадевере. Заедно постигнаа дури 34 голови, или повеќе од половина од вкупно 60 погодоци на тимот.

Ленс е непоразен во Лига 1 на последните девет натпревари и може да биде многу незгоден противник за Лион, иако гостите ги добија последните три меѓусебни дуели.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.90)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести