Што славеше трилингот на Јувентус? Казна за журкаџиите од по 400 евра

Јувентус ги казни Вестон Мекени, Пауло Дибала и Артур Мело, а трилингот на Старата дама ќе треба да плати и дополнително по 400 евра за прекршување на ковид-протоколите во Италија.

Организирале приватна журка во станот на Мекени во услови на полициски час, а по пријавата на соседите, долго не им отворале врата на полицајците.

Сепак, на крајот по долго чекање е направен увид, а казните се по 400 евра. Јувентус најави дополнителни казни, а чудно е што во време кога Старата дама се мачи во сезона што им е асполутно неуспешна, да има ваков испад од трилингот играчи на најтрофејниот клуб во Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести