Црвените ѓаволи не можат да го победат Барнли пет години по ред на „Олд Трафорд“

1612 Борусија Дортмунд – Вердер (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

Борусија доби шанса од имењакот од Менхенгладбах да ја продолжи битката за место во Лигата на шампионите. Ајнтрахт претрпе пораз на Борусија парк во Менхенгладбах, што е убава можност за Милионерите од Дортмунд да им се приближат на само 4 бода разлика.

Сега ниту Волфсбург не е недостижен на третата позиција, секако ако Халанд и соиграчите го победат Вердер.

Гостите бијат битка за опстанок и со четири порази по ред се доведоа во незгодна ситуација. Имаат само четири бода повеќе од Херта, екипа која заедно со Келн, Арминија и Мајнц е најзагрозена покрај веќе испаднатиот Шалке 04.

Борусија е голем фаворит, но тука ќе ја почитуваме неверојатната традиција во меѓусебните дуели на Милионерите и Вердер.

На последните 16 натпревари дури 14 пати имаше голови на двете страни, комбинирано со 3+.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.15) Супер тип на Sport Life

 

1304 Атлетико Мадрид – Еибар (Ла Лига, Шпанија, 16.15 часот)

Атлетико до лани никогаш не беше поразен од Еибар, но серијата беше сопрена со победа на клубот од Баскија на домашен терен со 2:0.

Со тоа беше прекината фантастична серија од 17 натпревари на кои моментниот лидер во шпанското првенство го победуваше Еибар, или ремизираше со денешниот ривал.

Сега и позициите им се интересни, Атлетико е на врвот на табелата, а Еибар е последен. Мотиви има и тоа големи на двете страни да се игра на победа.

Атлетико прокоцка убава предност и сега бие мртва трка за титулата со Барселона и со Реал Мадрид, па и најмал кикс може скапо да чини.

Еибар не е отпишан, но игра многу слабо и има само една победа во 2021 година на 14 натпревари во Ла Лига.

Предлог тип: 1 (1.48)

 

1003 Манчестер јунајтед – Барнли (Премиерлига, Англија, 17 часот)

На „Олд Трафорд“ денеска гостува најнезгодниот ривал на Манчестер јунајтед во последните пет години, кога Црвените ѓаволи играат дома.

Барнли нема пораз на легендарниот стадион на последните четири гостувања, а билансот им е една победа и три нерешени.

Последниот пораз на „Олд Трафорд“ им е во 2015 година кога загубија со 3:1, а интересно е што домашна екипа не победила на последните 9 меѓусебни дуели што е една од најчудните серии во Англија.

Барнли се бори за опстанок и стандардно се очекува Шон Дајч да постави бедем пред голот на Пикок-Фарел и да се обиде со контранапади да го изненади фаворитот.

Тој рецепт им успеваше на популарните Кларетс на последните четири гостувања, а и сега не се откажуваат од подвиг.

Манчестер јунајтед влезе во ритам со четири победи по ред, но и Црвените Ѓаволи играат премногу мечеви во кус рок, а ги чека исклучително важен двомеч со Рома во полуфиналето на Европа Лигата.

Барнли сезонава изненади неколку фаворити од калибарот на Ливерпул, Арсенал, Лестер, Евертон и ќе типуваме ризично дека петтипат по ред нема да загуби на „Олд Трафорд“.

Предлог тип: Х2 (3.10)

 

3009 Торино – Рома (Серија А, Италија, 18 часот)

Рома игра премногу натпревари и данокот е долг список на повредени играчи. Римската Волчица има шанса и преку првенството да обезбеди настап во Лигата на шампионите, иако тоа ќе биде тешко поради бодовната предност на конкурентите, и преку Европа Лигата.

Познато е дека екипата што ќе го освои пехарот во ЛЕ ќе игра во Лигата на шампионите идната сезона, а Рома ја чека полуфинале против Манчестер јунајтед.

Италијанските медиуми најавија дека Паоло Фонсека размислува да одмори дел од првотимците на дуелот со Торино, што е шанса за Биковите да забележат успех.

Торино се бори за опстанок и ако не загуби од Рома ќе има добра позиција пред завршницата на сезоната во Серија А.

Предлог тип: 1Х&2+ (2.13)

 

1306 Кадис – Селта (Ла Лига, Шпанија, 18.30 часот)

Со две победи во последните две кола Кадис успеа да побегне од опасната зона за испаѓање и ако не загуби и денеска ќе биде многу блиску до целта.

Селта има два бода повеќе од ривалот и не може да испадне, ниту да се надева на настап во еврокуповите, па може да одигра порастоварено.

Проблем за тимот од Виго е што има петмина важни играчи што се повредени и нема да настапат на „Рамон де Каранца“.

На двете екипи им одговара реми, а и време е да се прекине серијата од 8 меѓусебни дуели на Кадис и Селта без нерешен резултат.

Предлог тип: Х (3.40)

 

 

- Оглас -

Најнови вести