Играч на Арсенал ќе го пропушти финалето на ЛШ поради инцидент против Атлетико?

Арсенал би можело да се најде во сериозен проблем пред финалето на Лигата на шампионите бидејќи напаѓачот Габриел Жезус се соочува со можност за суспензија од УЕФА.

Според англиските медиуми, Бразилецот бил во составот на Топчиите на реваншот против Атлетико Мадрид,иако не добил минутажа. Сепак, по последниот свиреж дошло до инцидент во кој Жезус наводно физички реагирал кон дефанзивецот Марк Пубил, кој сакал да го прекине славењето на фудбалерите на Арсенал.

Видео кое се прошири на социјалните мрежи покажува како Пубил влегува меѓу играчите на лондонскиот клуб, по што Жезус замавнува кон неговото лице, а потоа Кристијан Москера го оттурнува Бразилецот од мешаницата.

Според „Мирор“, дисциплинските органи на УЕФА веќе ги анализираат извештаите на судиските лица, како и дополнителните снимки и докази поврзани со инцидентот. Доколку биде покрената постапка, Жезус може да заработи суспензија од неколку натпревари поради неспортско однесување.

Во таков случај напаѓачот на Арсенал би можело да го пропушти големото финале против Пари Сен Жермен, кое е закажано за 30 мај во Будимпешта.

- Оглас -

Најнови вести