Кралски маки на Шоумените од Лос Анџелес – Патките мора да се скротат за плејоф

8513 Филаделфија 76 – Атланта хоукс (НБА, 01 часот)

Џоел Ембид е главната енигма и повторно е неизвесно дали олстар-центарот на Филаделфија ќе игра откако веќе пропушти 19 натпревари сезонава.

Објавено е дека статусот му е „од ден за ден“, што значи дека е можно и да не игра со цел да се обиде да ја залечи повредата на рамото пред стартот на плејофот. Тоа би бил хендикеп за 76-ките, но за нив е добро што во составот се вратија Симонс и Херис.

Уште поголеми проблеми има Атланта и повторно ќе игра без Тре Јанг, веројатно и без Редиш, Хантер, Снел и Вилијамс, па домаќините се фаворити за победа.

Поради отсуството на неколку важни играчи во двете екипи, единицата ќе ја комбинираме и со минус поени на мечот.

Предлог тип: 1<220.5 (2.55)

 

8467 Мајкл Портер јуниор (НБА, Денвер нагетс – Њу Орлеанс пеликанс, 03 часот)

Крилото на Денвер нагетс сè повеќе го презентира раскошниот талент и станува голем адут на тимот од Колорадо. На последните три натпревари, Портер постигна вкупно 96 поени, или по 32 во просек, што е значајно над вкупниот просек од 18,5 поени што го има сезонава.

Ова секако ќе му биде најдобрата година, трета што ја игра во НБА-лигата откако во 2018 беше драфтуван од Денвер како 14-ти пик.

Портер е и одличен тројкаш, има мека рака, а и умешно го користи отсуството на една од ѕвездите во тимот, Џамал Мареј, кој е повреден. Во ваква ситуација има повеќе простор за игра и упатува многу повеќе удари кон кошот на ривалите, а серијата му е 26 поени против Голден стејт, 39 со Хјустон и 31 против Мемфис.

Тоа е добар показател дека 23-годишното крило на Нагетс е во топ-форма и ќе типуваме дека ќе ја мине границата од 23 поени и ноќеска против Њу Орлеанс.

Предлог тип: >23.5 поени (1.90)

 

8519 Мемфис гризлис – Портланд трејлблејзерс (НБА, 03 часот)

Дуелите меѓу Мемфис и Портланд по традиција се многу ефикасни, а рекорд им е ланскиот меч дури со 275 поени, со едно продолжение.

Двете екипи бијат битка за да се пробијат меѓу шесте најдобри екипи во Западната конференција што ќе играат во плејофот и ќе го избегнат баражот со една филтер рунда.

Портланд моментно е седми со биланс 33-28, а Мемфис е веднаш зад него со 31-29 и ако загуби, веројатно ќе мора да игра 1/16-финале, или една рунда повеќе во плејофот.

И двете екипи немаат сериозни проблеми со повредите,.Демиен Лилард, кој не играше на неколку натпревари за Трејлблејзерс, се врати на паркетите во НБА, што е одлична вест за гостите.

Пред четири ноќи Мемфис го победи Портланд со 120:113 на гостински терен, па очекуваме нов ефикасен меч, сега со повеќе од 231 поен.

Предлог тип: > 231.5 поени (1.60)

 

8316 Лос Анџелес кингс – Анахејм дакс (НХЛ, 04 часот)

Тимот од Лос Анџелес сè уште се надева во подвиг и настап во пелјофот, иако шансите им се тенки. На десеттина натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната имаат шест бода помалку од Сент Луис, кој е на четвртото место, последно што води во доигрувањето од Западната дивизија.

Пред нив се и Аризона и Сан Хозе, што покажува колку мисијата да се игра плејоф е тешка за Кралевите од Ел-Еј. Сепак, ноќеска имаат противник по мерак бидејќи Анахејм е последен во Дивизијата и нема шанси за настап во мечевите за титулата.

Патем, Лос Анџелес убедливо ги доби последните три меѓусебни дуели со Патките, па ќе типуваме дека серијата ќе продолжи.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

8317 Сан Хозе шаркс – Аризона којотс (НХЛ, 04.30 часот)

И двете екипи иако не се во плејоф-зоната, имаат шанси за настап во доигрувањето, но во оваа фаза во финишот на регуларниот дел секој кикс скапо ќе чини.

Сан Хозе пред две ноќи го доби дуелот со Аризона во ефикасен меч што заврши со резултат 6:4. И претходните меѓусебни мечеви на Ајкулите и Којотите беа исклучително ефикасни, а простор за калкулации нема и за овој дуел, па се очекува нов убав меч со многу голови.

Двете екипи примија најмногу голови во досегашниот тек на сезоната во Западната дивизија, но имаат солидни напади, па нашиот предлог-тип е да се одигра над 5.5 гола.

Предлог тип: >5.5 гола (1.90)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести