Му се стемни на ВБА на Блек кантри дербито (Видео)

Вест Бромвич Албион го прошушти веројатно и последниот воз за подвиг и опстаномво Премиерлигата, по ремито со Вулверхемптон 1:1.

Едно од најголемите фудбалски дербија во Англија познато како Блек кантри дерби се играше во тешки услови во последните половина час поради обилниот дожд во Бирмингем.

Гостите поведоа со ќудниот гол на Фабио Силва во последните моменти од првото полувреме.

Потоа Дијањ израмни на 1:1 во 62. минута, но на ВБА му требаше победа за да ги задржи минималните шансиз а опстанок. Моментно тимот од Бирмингем има 26 бода на претпоследното место, или 10 помалку од Њукасл и Барнли, кои се веднаш на позициите над зоната за испаѓање.

До крајот на англиското првенство има уште четири кола.

- Оглас -

Најнови вести