Алекс Фергусон префрлен во болница пред натпреварот Манчестер јунајтед – Ливерпул

Најлегендарниот и најтрофеен менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, бил хоспитализиран попладнево откако се почувствувал лошо пред дерби натпреварот на Јунајтед против Ливерпул.

Славниот 84-годишен тренер кој 27 години ги водеше Црвените ѓаволи и меѓу другото освои 13 титули во Премиер лигата и две во Лигата на шампионите, бил ставен под медицински надзор исклучиво како превентивна мерка. Се очекува наскоро да биде пуштен дома.

Фергусон редовно присуствува на натпреварите на клубот, и дома и на гости, а денеска пристигна на „Олд Трафорд“ пред натпреварот против Ливерпул, но бил однесен во болница на повеќе од еден час пред почетокот на мечот на кој Манчестер јунајтед води со 2-0 по првото полувреме. 

- Оглас -

Најнови вести