Победата на Брера Струмица од 1-0 на гостувањето кај Струга Трим Лум, значи речиси сигурно дека струмичани нема да испаднат директно, а сега им претстои обид да избегнат и бараж за опстанок.
Хрватот Петровиќ беше стрелец на голот вреден три големи бодови, откако во 88-ма минута се прошета низ одбраната на противникот и даде убав гол. Стружани имаа повеќе шанси, но не ги реализираа и казната дојде. Во последните 20 минути Струга играше со човек помалку по исклучувањето на Хамза Меметриза.
Во Кавадарци, Тиквеш и Арсими одиграа 1-1. Кавадарчани 70 минути беа со човек помалку на терен, но први поведоа и издржаа до крај, двата тима се задоволија со по еден бод кој ги остава во добра позиција за директен останок без бараж.


