Сасуоло го сопна Милан, миланезите ќе слават кога Берарди ќе оди во пензија

Милан киксираше на гостувањето кај Сасуоло, претрпе пораз од 0-2 и малку си ја отежни работата околу пласманот во Лигата на шампионите. Наместо осум колку што ќе беа ако победеше на „Мапеи“ и ќе беа недостижни, сега Милан има пет бода повеќе од петтопласираниот Комо на три кола до крајот, а во ЛШ одат првите четири од Серија А.

Доменико Берарди со гол во петта минута најави дека на Милан не му е денот, а црвениот картон на Фикајо Томори во 24-та минута, го потврди тоа.

Брарди има 18 голови и асистенции на 20 меча против Милан. Ова му беше 12-ти гол во Серија А против Росонерите, повеќе од него во историјата имале само Силвио Пиола и Федерико Кјеза. По социјалните мрежи има шеги дека Берарди сигурно го мрази Милан штом вака игра против нив и дека фановите на Милан ќе слават кога тој нема веќе да игра против нив.

- Оглас -

Најнови вести