Јаник Синер потврди зошто е најдобар тенисер во светот во моментов, откако без многу проблеми стигна до нова титула. Италијанецот го освои пехарот на Мастерс 1000 турнирот во Мадрид, откако во финалето го победи Александер Зверев со 2:0. Во првиот сет Синер беше доминантен и ги освои првите пет гема, а сетот го доби со 6:1 по само 25 минути игра.
Во вториот сет, Синер направи бејк за водство од 3:1 и потоа рутински ја задржа предноста, добивајќи го сетот со 6:2
За Синер оваа победа означи еден историски момент. Тој стана првиот тенисер во историја кој успеал да триумфира на пет последователни Мастерс 1000 турнир. Неговиот подвиг започна на крајот од минатата година кога го подигна пехарот на Мастерсот во Париз. Потоа Синер продолжи да доминира во 2026 година освојувајќи ги трофеите на Мастерсите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, а сега и во Мадрид.
Претходно, тенисери со четири Мастерс трофеи во низа имаа освоено Федерер, Ѓоковиќ и Надал, но ниту еден од нив не успеа да нареди пет пехари по ред.
Синер стана и првиот тенисер роден по 2000 година кој ја надминал бројката од 350 победи. Италијанецот има 24 години и е убедливо број 1 на АТП листата.

