Лудо дерби: Манчестер ј. славеше над Ливерпул и сигурно ќе игра во Лига на шампиони следна сезона (Видео)

Манчестер јунајтед донесе голема радост за фановите на „Олд Трафорд“ откако со 3:2 го победи најголемиот ривал Ливерпул, во дербито на 35. коло во англиската Премиер лига. Со оваа победа Манчестер јунајтед се зацврсти на третото место на табелата со 64 бодови, додека Ливерпул е четвртопласиран, но има 58 бодови. На три кола до крајот, јасно е дека Манчестер јунајтед повторно ќе се врати во Лига на шампиони за следната сезона.

Фуриозно започна Манчестер и тоа донесе два погодоци. Се играше шестата минута кога Матеус Куња погоди за водство на домаќините на „Олд Традорд“ од 1:0. Овој погодок на Куња може да го видите ТУКА.

Во 14 минута веќе беше 2:0 за Црвените ѓаволи. По една долга акција, Бенџамин Шешко даде гол, кој предизвија реакција затоа што беше спорно дали Словенецот играл со рака во клучниот момент. Погодокот на Шешко може да го видите ТУКА.

На почетокот на второто полувреме, Ливерпул покажа дека нема да се предаде и по нецели две минути игра, со голот на Доминик Собослаи намали на 2:1. По грешката на Диало, Собослаи освои една топка на средината од теренот, тргна сам во напад, истрча околу 40 метри и успеа да погоди.

Manchester Utd 2-[1] Liverpool – Dominik Szoboszlai 47′
by
u/977x in
LiverpoolFC

Во 56 минута следуваше нова уште поголема грешка на Манчестер, а кумуваше голманот Ламенс, кој лошо исфрли една топка од својот шеснаесетник, а Собослаи асистираше на Гакпо за 2:2.

Manchester United 2-[2] Liverpool – Cody Gakpo 56′
by
u/977x in
LiverpoolFC

Манчестер не се предаде и во 76 минута стигна до 3:2, а стрелец на голот беше Коби Мејну.

Manchester Utd [3]-2 Liverpool – Mainoo 77′
by
u/InitialAsk358 in
LiverpoolFC

Ова е прв пат по пауза од осум сезони, Манчестер јунајтед да има двојна победа над најголемиот ривал во првенството. Црвените ѓаволи во првиот дел од сезоната славеа на „Енфилд роуд“ со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести