Стојков не и дава шанса на Старата дама, Милан ќе ја победи Аталанта за место во ЛШ

3002 Кротоне – Фиорентина (Сабота, 20.45 часот)

Кротоне се разигра откако испадна и веројатно ќе сака да врзе три меча без пораз за збогум од Серија А. Фиорентина е во сосема спротивна ситуација со два меча по ред без победа, па финишот на Серија А ќе биде со интересен меч во Кротоне.

Очекувам играчите на Виолетовите да одиграат за извонредниот стрелец Душан Влаховиќ, кој е хит сезонава во Калчото.

Има само 21 година и симболично постигна 21 гол досега, па ќе има шанса да ја заврши блескавата сезона со уште некој погодок, како напаѓач во Топ-5 на листата со најдобри стрелци во Серија А.

На спротивната страна ќе биде извонредниот Нигериец, Сими, кој даде 20 гола и беше убедливо најдобар играч на Кротоне сезонава. Очекувам да има голови во ревијален меч и типувам дека гостите ќе победат.

Предлог тип: 2&T2+ (2.12)

 

3003 Сампдорија – Парма (Сабота, 20.45 часот)

Парма испадна во една нуеспешна сезона за тимот и сега им се случува хаос во клубот. Не е лесно кога ќе се испадне од Прва лига, а кај Парма има и доста кадровски проблеми.

Четири играчи сигурно нема да им играат, отсутен ќе биде и Жервињо, кој заминува во Трабзонспор, а има уште 10 фудбалери чиј настап е неизвесен во последното коло.

Сампдорија одигра солидна сезона. Сигурно ќе бидат деветти на конечната табела, а чекувам на домашен терен да го завршат првенството со победа.

Мечот е ревијален и ќе типувам дека ќе има најмалку два гола веќе во првото полувреме.

Предлог тип: 2+ прво полувреме (2.04)

 

3005 Аталанта – Милан (Недела, 20.45 часот)

Аталанта не успеа да го освои пехарот во Купот на Италија, што веројатно ќе доведе и до мало разочарување. Ла Деа имаше напорна, но и многу добра сезона во која само си ги зголеми симпатиите на неутралните љубители на фудбалот.

Мислам дека малку и спласна духот по поразот од Јувентус, па во меч без поголемо значење за нив, освен за престиж, ќе загубат од Милан.

Росонерите го играат најважниот меч сезонава, токму во последното коло од италијанското првенство, им одговара само триумф и очекувам да го остварат.

Милан има огромни мотиви, а во фудбалот најчесто поголемата желба за успех носи резултат, иако гостите ќе играат под голем притисок.

Предлог тип: 2 (2.50)

 

3008 Сасуоло – Лацио (Недела, 20.45 часот)

Лацио знае дека ќе биде шестопласиран на конечната табела, што им носи  настап во еврокуповите, па мотивите за победа се на страната на Сасуоло.

Тимот што игра одлично со триумф има шанси да ја прескокне Рома, ако Римската Волчица загуби од Специја.

Тоа би значело дека Сасуоло ќе игра во Конференциската лига на Европа, но за тоа шансите реално се минимални.

И двете екипи сезонава постигнуваа, но и примаа многу голови што е добар знак за меч со многу голови на „Чита дел Триколори“ во Реџо Емилија.

Во меѓусебните дуели во последно време, имаше доста погодоци на дуелите меѓу Сасуоло и Лацио, па мојот избор е најмалку два гола во првото полувреме.

Предлог тип: 2+ прво полувреме (2.18)

 

3009 Специја – Рома (Недела, 20.45 часот)

Ме радува што мојот поранешен клуб Специја успешно ја прегрме историската прва сезона во Серија А, па во последното коло ќе играат без притисок против Рома.

Двата меча што ги одиграа овие две екипи сезонава беа исклучително добри и возбудливи. Победата на Рома со 4:3 во првенствен меч против Специја беше еден од најдобрите во Серија А, а триумфот на Специја во Рим со 3:0 во осминафиналето на Купот на Италија едно од најголемите фудбалски изненадувања на Чизмата во 2021 година.

Сега очекувам Рома да се реваншира за тој пораз и да го потврди учеството во Конференциската лига на Европа.

Иако ќе бидат без 8 фудбалери поради повреди гостите имаат квалитет да ја победат Специја.

Предлог тип: 2&3+ (2.15)

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести