Кецовите се сигурни со учесниците на Европското првенство

6702 Полска – Исланд (пријателски меч, 18 часот)

Исланд беше изненадувањето со Велс на минатото Европско првенство, но сега нема да игра на шампионатот на Стариот Континент. Во 2016 година ја елиминира Англија во осминафиналето и потоа загуби од Французите.

Полска играше во истата фаза и несреќно на пенали испадна од Португалија, селекција која потоа стана и европски првак. Полјаците го задржаа континуитетот и пак ќе играат на ЕП и имаат високи амбиции.

Ги предводи стрелецот број 1 во Европа, Роберт Левандовски, и имаат и искусен и добар состав. Ќе сакаат со победа да патуваат на ЕП, а досега четирипати на исто толку натпревари го победуваа Исланд како домаќини.

Предлог тип: 1 (1.42)

 

6703 Унгарија – Република Ирска (пријателски меч, 20 часот)

Унгарија е еден од домаќините на Европското првенство, но немаше среќа со ждрепката, па за ривали ги доби гигантите Франција, Германија и Португалија.

За нив, иако имаат солиден тим, секој бод на шампионатот ќе биде успех. Унгарците секако нема да се предадат, а ако вечерва не загубат од Ирците, ќе го чекаат првенството со серија од 11 меча без пораз.

Интересно е што последната победа против Република Ирска им е од 1969 година, па сега имаат добра шанса со триумф во Будимпешта да слават пак по пауза од 52 години.

Ирците не се пласираа на ЕП и во последно време се во лоша форма. Пред пет дена ја победија Андора и прекинаа црна серија од 12 меча без триумф.

Типуваме дека Унгарците ќе ја продолжат својата убава серија, а Ирците ќе почнат нова со пораз во Будимпешта.

Предлог тип: 1 (2.45)

 

6704 Чешка – Албанија (пријателски меч, 20.15 часот)

Чесите се во тешка група на Европското првенство, со Англија, Хрватска и Шкотска, па ќе им биде тешко да се изборат за пласман во нокаут-фазата.

Ова им е последен тест пред настапот на шампионатот, па ќе сакаат со победа да патуваат за Глазгов. Интересно е што Чесите ја откажаа базата во Единбург, па за секој меч во фазата по групи ќе летаат од Прага за Глазгов и за Лондон.

Голем проблем им е неефикасноста и немаат постигнато гол над 220 минути. Ги загубија двата последни натпревари со Велс и Италија со вкупна гол-разлика од 0:5.

Чесите имаат солидна репрезентација со неколку играчи од Премиер лигата и од Бундеслигата, но немаат добри напаѓачи како во минатото. Албанија е цврста репрезентација, со играчи што исто така настапуваат во познати европски клубови, но типуваме дека ќе загубат со гол(ови) во второто полувреме.

Предлог тип: Х-1 (3.90)

 

6705 Франција – Бугарија (пријателски меч, 21.10 часот)

Конкуренцијата за место во првата постава на актуелниот светски првак Франција е жестока, а составот е дрим-тим од многу фудбалски ѕвезди.

Дидие Дешамп ќе има слатки маки како да ги одреди стартните 11 за секој меч на Европското првенство, а Триколорите се во веројатно и најтешката група со Германија и актуелниот првак Португалија како главни конкуренти за следната фаза и еден од домаќините на ЕП, Унгарија.

Галските петли сè уште го паметат дебаклот што го доживеаја во директниот дуел против Бугарија во Париз во 1993 година, кога беа поразени со 1:2 и не се пласираа на Мундијалот што се играше во САД. Оттогаш ги добија сите три меча со нашиот источен сосед, но елиминацијата пред 28 години не се заборава.

Франција има пеколно добар состав, сите репрезентативци ќе се обидат да се наметнат кај Дешамп, па добар избор е да се одигра на голови вечерва против Бугарите.

Предлог тип: 2+I&4+ (3.00)

 

7001 Циципас – Медведев (тенис, Ролан Гарос, 21 часот)

Дербито во четвртфиналето на Ролан Гарос ќе го играат петтиот носител Стефанос Циципас и вториот фаворит Данил Медведев. Двајца се од новата гарда тенисери од кои се очекува да освојуваат гренслем-трофеи и да го наследат триото Федерер-Надал-Ѓоковиќ.

Медведев имаше две шанси, но загуби две гренслем-финалиња, а Циципас сè уште чека шанса за прв настап во финале и меч за вреден трофеј на еден од четирите најценети тениски турнири.

Гркот има малку подобри резултати на земјена подлога, но Медведев го доби единствениот меѓусебн дуел досега на најспората тениска подлога, пред две години во Монте Карло.

Циципас е фаворит според коефициентите, но Медведев е и поискусен и засега со подобри резултати, па ќе типуваме дека ќе играат долг меч со над 38 гема вкупно.

Предлог тип: >38.5 гема (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести