Пласманот на Фрајбург во финалето на Лига Европа е најголем успех во историјата на овој клуб, а солзите радосници не можеше да ги скрие ни Јоаким Лев, човекот кој како селектор во 2014 со Германија стана светски шампион.
Лев најголем дел од кариерата како фудбалер мина токму во Фрајбург, а кога се повлече, беше прв стрелец во клупската историја. Сега е трети стрелец на сите времиња во Фрајбург, но јасно е дека тоа е неговиот сакан клуб.

По финалниот свиреж со потврда на пласманот на Фрајбург во своето прво европско финале, тренерот покажа страна која досега никогаш досега беше видена. Беше видно емотивен и се расплака, а тоа беше снимено и од камерите во ТВ преносот.


